- Техеран и Вашингтон пред потпишување историски договор
- Facebook и Instagram повторно во функција
- Договорени дирекна авиолинија Анкара – Скопје
- Мицкоски: Голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија
- Трамп: Протечените информации за договорот со Иран не се точни
- Новиот план на Трамп: Ќе депортира мигранти од Иран во една од најсиромашните земји во светот
- 53-годишен гостиварец го нападнал синот, а се заканувал со остар предмет
- Голем дефект – падна фб
Author: Author 03
Сериозен инцидент кој можел да заврши трагично се случил вчера во Скопје, откако двајца тинејџери нападнале врсник во центарот на градот, а подоцна во Гази Баба едниот од нив пукал со пиштол кон момчето, соопшти МВР. Ова се случило вчеравечер. „Н.И. (39) од Скопјe пријавил дека на 11.03.2026 година во 19:30 часот во месноста Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Според пријавата, подоцна во месноста Гази Баба, едниот од нив вперил огнено оружје кон малолетникот и пукал, додека другиот фрлал тврди предмети кон неговиот син“, пишува во полицискиот билтен.
Најновата ескалација на тензиите со Иран ги стави Соединетите Американски Држави во една од најсложените геополитички позиции во изминатите децении. Вашингтон сега се соочува со двоен предизвик: како да одговори на иранските потези со цел да ја зачува својата позиција на моќ, а притоа да не предизвика директен воен конфликт со неконтролирани последици. Ситуацијата дополнително се усложнува поради притисоците од сојузниците во регионот, пред сè Израел, кои бараат порешителен одговор, додека домашната јавност во САД е поделена околу нивото на воено вклучување. Балансирање на работ на војна Американската администрација во моментов се обидува да воспостави рамнотежа меѓу одвраќањето на Иран…
Владата вечерва организираше ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност. На ифтарската вечера присуствуваше целиот државен врв, министри, верските лидери. Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во духот на овие вредности, вечерта ја поминале во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество. -Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница. На сите верници кои го одбележуваат месецот на постот им посакувам мир, здравје и благословени денови, истакна Мицкоски.
Состојбата со енергенсите будно се следи и доколку има потреба Владата ќе интервенира. Сега, во моментот, не сметам дека состојбата е надвор од контрола. Да не ги драматизираме работите и да не додаваме повеќе од тоа што е. Имаме доволно резерви на енергенси, а со маркетите е договорено ако забележат зголемување на влезните цени на производите да го информираат Пазарниот инспекторат, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Во интервју за телевизија Канал 5, министерката за финансии појансува дека сегашната криза е сосема различна од онаа во 2022 година и дека Министерството за финансии може да реагира откако ќе…
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија одржа седница на Централниот одбор во проширен состав, на која присуствуваа претседателот на Градската организација, членовите на Пратеничката група, како и претседателите и секретарите на општинските организации. На седницата беше усвоен Акцискиот план за оперативно делување на Движење ЗНАМ за Наша Македонија за 2026 година, стратешки документ кој го означува следниот чекор во политичкото и организациското јакнење на движењето. Акцискиот план предвидува отпочнување на низа конкретни активности насочени кон изградба на силна и модерна политичка организација, меѓу кои: • формирање на Клуб на млади и Клуб на жени • воспоставување на Внатрепартиска академија – Институт…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со г-ѓа Никол Варнс, вршителка на должност во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, при што се разговараше за актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и унапредувањето на реформите што ја приближуваат Северна Македонија до евро-атлантските стандарди. За време на средбата беше нагласена важноста на соработката и континуираната поддршка што Соединетите Американски Држави ја даваат на демократските процеси, владеењето на правото и севкупниот развој на земјата. „Соединетите Американски Држави остануваат стратешки партнер и важен сојузник за Северна Македонија. Нивната поддршка е од големо значење за зајакнување на демократските институции, развојот…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, упати сериозни обвинувања на сметка на германските власти, тврдејќи дека во земјата се спроведува системски притисок врз руските државјани. Според неа, официјален Берлин создава амбиент во кој секој Русин се третира со недоверба. Овие коментари доаѓаат во период на екстремно затегнати односи меѓу двете земји, дополнително поттикнати од неодамнешните апсења и истраги поврзани со наводни шпионски активности. „Атмосфера на сомнеж“ Захарова смета дека германските безбедносни служби и политичкиот врв намерно ја подгреваат реториката против руската заедница, што директно влијае на секојдневниот живот на илјадници луѓе. „Секој Русин во Германија е под…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп уште еднаш ја фокусираше јавноста на својата визија за енергетската независност и економската доминација на САД. Според него, движењата на глобалниот пазар на нафта не треба да се гледаат само како товар, туку како сериозна можност за профит на американската држава. Трамп потенцира дека капацитетите на САД како еден од најголемите производители на енергенси во светот овозможуваат директна корист од високите цени на суровата нафта. Америка како енергетски лидер Во своите излагања, тој често ја нагласува важноста на зголеменото домашно производство („Drill, baby, drill“), тврдејќи дека тоа е клучот за стабилноста на доларот и државната…
Во рамки на стратешката иницијатива за зајакнување на административните капацитети, Управата за јавни приходи започнува имплементација на зајакнат системски пристап во управувањето со долговите на даночните обврзници, насочен кон јасен фокус, поголема ефикасност и реални резултати, информира УЈП. Клучен чекор во овој процес е донесувањето на Стратегија за реална и наплатлива Листа на должници, http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/80, со која листата повеќе нема да биде архива на историски податоци кои се резултат на наталожени и неажурирани состојби во даночните регистри и евиденции, која низ годините стана обемна и го отежнува правилното согледување на даночните побарувања на државата и планирањето на мерките. Целта е…
МВР информира дека вчера утрината во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул. „Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул. „Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с. Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобило четиригодишно дете од Скопје, патник во автобусот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на…
