- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 03
Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео како ќе изгледа охридскиот аеродром по неговата реконструкција и проширување и напиша: “Денес е историски ден, за прв пат откако е изграден охридскиот аеродром се прави сериозна инвестиција за негово проширување и модернизација. Продолжуваме да ја градиме Македонија! – објави вицепремиерот Николоски. линк до видеото: https://www.facebook.com/share/v/1K3rTgfdBf/
Во еден од најзначајните напади од почетокот на воените дејствија, иранските сили извршија прецизен напад со балистички ракети и беспилотни летала врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија. Главна цел на нападот беше американската флота на авиони за рано предупредување и контрола (AWACS), при што е потврдено уништувањето на најмалку еден авион од типот E-3 Sentry. Зошто ова е критична загуба? Авионите AWACS се сметаат за „очи на небото“ и се клучни за воспоставување на воздушна доминација. Тие не се само летала, туку летачки командни центри кои координираат напади, следат непријателски ракети и обезбедуваат радарска слика во реално време.…
Означен е почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Градежните работи кои, како што беше најавено, ќе му дадат целосно нов лик на аеродромот, е предвидено да завршат до крајот на мај. Проектот ќе обезбеди 4 500 метри квадратни функционален простор, поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот, полицијата и царинската управа. Премиерот Христијан Мицкоски го квалификува овој момент како исторски за Охрид и охриското крајбрежје, но и за сите околни општини. -Со оваа реконструкција се зголемуваат капацитетот и квалитетот на аеродромот. Се надевам дека во предвидениот рок се…
Центарот на англискиот град Дерби синоќа беше место на застрашувачки инцидент откако црн автомобил „Сузуки Свифт“ влета во група пешаци. Според извештаите на британските медиуми, неколку лица се пренесени во болница со тешки повреди, а полицијата веќе приведе едно лице. „Луѓе лежеа насекаде“ – Сведоштва од местото на настанот Инцидентот се случил околу 21:30 часот на улицата „Фрајар Гејт“. Сведоци кои се нашле на местото веднаш по ударот опишуваат хаотични сцени. „Беше многу страшно искуство. Стигнавме до аголот и имаше луѓе насекаде како лежат на земја. Не разбравме веднаш што се случило, а потоа полека почнавме да сфаќаме дека станува…
Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со новите градежни работи аеродромот ќе добие дополнителни 4.500 метри квадратни функционален простор, што претставува зголемување од околу 2.500 метри квадратни во однос на постојниот простор. -Тоа ќе значи можност за многу повеќе патници, кои ќе се чувствуваат попријатно кога слетуваат и полетуваат од охридскиот аеродром. Ова е значајно за развојот на туризмот, бизнисот и поврзаноста на регионот, рече Николоски. По добивањето на концесијата од страна на ТАВ, аеродромската…
Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место во близина на Виница каде беше пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје. Со преземените дејствија до овој момент, лицето е идентификувано како ловочувар, кој бил дел од група за комерцијален лов. Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. Задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од групата за комерцијален лов и за кои се испитува дали биле инволвирани во пукањето.
Под влијание на серија циклонски движења, во текот на претстојната недела не очекува значителна промена на времето. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по релативно стабилниот понеделник, Македонија влегува во фаза на посвежо и врнежливо време. Обилни врнежи во среда и четврток Клучната промена започнува од вторник, кога облачноста ќе донесе повремени врнежи од дожд низ целата земја. Прогноза за утре (понеделник) Утрешниот ден ќе биде преодно стабилен со променлива облачност и сончеви периоди.
30-годишен велешанец украл телевизор од дом на 55-годишен сограѓанин. – На 27.03.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.З.(30) од Велес поради сомнение дека со употреба на сила влегол во домот на Р.Т.(55) од Велес и одземал телевизор. Одземеното било пронајдено кај Б.З. и било вратено на сопственикот, стои во денешниот полициски билтен. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. Крадецот бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во дискотеката „Kiss klub“ во германскиот град Кел, во покраината Баден-Виртемберг, во текот на изминатата ноќ избувна пожар кој ја зафати целата зграда, во момент кога во неа имало околу 750 лица, соопшти локалната полиција. -Пожарот, кој избувна во клубот околу 3:45 часот наутро, се прошири на целата зграда. Според првичните информации на операторот, во моментот кога избувнал пожарот, во зградата се наоѓале околу 750 луѓе“, се наведува во соопштението на полицијата, кое го пренесува „Билд“. Причината за пожарот сè уште не е позната. Поголемиот дел од присутните на забавата во дискотеката ја напуштиле зградата зафатена од пожар до пристигнувањето…
Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, откако во полиција било пријавено дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на сопругата, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода 40-годишниот Ѓ.И., по претходна пријава дека во неговиот дом, физички ја нападнал неговата 28-годишна поранешна сопруга и ѝ се заканувал, соопштија од СВР – Велес. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе била поднесена соодветна пријава
