- Гeрасимовски: Центар сам ќе се грижи за хигиената, доколку Градот нема решение
- СДСМ поднесе законски измени: Министрите без двојно државјанство, бараат правилото да важи веднаш
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС во координација со српски опозиционери за формирање фронт во Србија
- „Повардарие“ онлајн – Нови дигитални алатки за економски раст и регионална промоција обезбедени преку „ЕУ за општините“
- Артан Груби останува во куќен притвор – судот ја продолжи мерката за 30 дена
- Се огласија од ОЈО: Сејдини е уапсен за проневера и злоупотреба
- ВЛЕН: Албанските културни институции се зајакнуваат – најавени нови вработувања во Тетово и Скопје
- Битола гради „паметен“ водоводен систем: Со швајцарска поддршка, ЈКП „Водовод“ оди кон целосна дигитализација
Author: Author 03
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека до денеска во земјата се вратени 2.000 украински деца кои Русија ги држела во заробеништво. „Секое од овие враќања е овозможено благодарение на секојдневните напори на нашиот народ, организациите на граѓанското општество и нашите меѓународни партнери. Благодарни сме им на сите кои придонесоа во оваа борба за иднината на нашите деца, нашата земја и целиот слободен свет“, напиша денеска Зеленски на X. Претседателот на Украина додаде дека патот до враќањето на сите деца е долг и тежок. „Илјадници украински деца и понатаму се во заробеништво на Русија и секојдневно стануваат жртви на нејзините злосторства“,…
Страотна експлозија ја потресе заедницата во Њујорк, целосно уништувајќи објект на локална црква. Според првичните информации од теренот, во инцидентот има повеќе повредени лица, а околните станбени објекти се евакуирани поради страв од дополнителни детонации или уривање. Хаос на теренот Експлозијата се случила во претпладневните часови, предизвикувајќи удар кој се почувствувал во неколку блока оддалеченост. Веднаш по детонацијата избувнал голем пожар кој го зафатил и она што останало од покривната конструкција на црквата. Истрагата е во тек Иако се уште нема официјална потврда за причината, локалните власти и пожарникарите го истражуваат сомнежот за дефект на гасната инсталација. Сведоци велат дека…
На 17.02.2026 година во 15:57 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека на стариот пат за с. Кучевичка Бара, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “форд фиеста” со скопски регистарски ознаки и патничко возило “фолцваген голф” со скопски регистарски ознаки. Како последица на незгодата возачот на возилото “форд фиеста” починал на местото на незгодата, додека возачот на возилото “голф” со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ Мајка Тереза – Ургентен центар. Во моментов сообраќајот по стариот пат за с. Кучевичка бара се пренасочува. Се преземаат мерки за утврдување на причината за…
Демократска унија за интеграција поднесе кривична пријава против министерот за правда Игор Филков, обвинувајќи го за повреда на Уставот и законските прописи. Од партијата тврдат дека министерот постапил спротивно на Закон за употреба на јазиците, откако не го одобрил барањето на студентите по право правосудниот испит да го полагаат на албански јазик. -Денес, пред оваа институција на правдата, поднесуваме кривична пријава против Министерството за правда за сериозни прекршувања на уставните и законските обврски. За попречување на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, спротивно на член 7 од Уставот и членовите 1, 2, 3 и 9 од Законот за употреба…
5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – бараме напуштањето да стане кривично дело, потенцираат денеска од Анима Мунди. Во објава на ФБ велат дека при едно неодамнешно заловување, во текот на само еден ден, по женка во циклус, од шест заловени кучиња од страна на ЈП Лајка, дури пет биле со сопственик. Сопствениците дошле да ги подигнат од стационарот. Овој податок е алармантен и укажува на клучен аспект од каде извира проблемот. „Овој пример не значи дека тоа е единствениот извор на проблемот, туку претставува јасен доказ „во мало“, често видлив во пракса. Неодговорното сопствеништво, заедно со појави како…
Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати КСС Благоја Ралповски, доби столче во Управниот одбор на ПИОМ Избран е за нов член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), пренесува „Фокус“. Ралповски ќе седне во УО на Фондот како претставник на репрезентативен синдикат кој членува во Економско-социјалниот совет – телото во кое се одвива дијалогот меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Владата го назначила лидерот на КСС на позицијата на седницата на 3 февруари. Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, претходно тврдеше дека Ралповски е награден со место во управен одбор поради тоа што не излегува на протестите,…
Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, експресно реагираше со материјален доказ откако Советот на јавни обвинители денеска ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител. Условот за стаж Советот ја отфрли кандидатурата на Панчевски со образложение дека тој не го исполнува законскиот услов од 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното правo. Сепак, Панчевски на својот Фејсбук профил објави официјална потврда издадена од Основниот кривичен суд Скопје, која директно ја оспорува ваквата одлука.Во потврдата, потпишана од судскиот администратор Дејан Нешовски, стои дека Панчевски бил судија во периодот од 08.02.2008 до 28.07.2020 година.…
Илјадници луѓе во Приштина протестираа носејќи транспаренти на етничката албанска Ослободителна војска на Косово (ОВК). Тие протестираа против судењето на поранешните водачи на ОВК, обвинети за воени злосторства во периодот помеѓу 1998 и 1999 година. Поранешниот претседател Хашим Тачи, поранешните претседатели на парламентот Јакуп Красниќи и Кадри Весели, како и поранешниот пратеник Реџеп Селими беа уапсени во 2020 година и испратени на судење пред специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг. Тачи и уште тројца поранешни команданти на ОВК се товарат за прогон, убиства, мачење и присилни исчезнувања на лица за време и непосредно по војната 1998–1999 година,…
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични…
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и обратно е воведена поради обилни врнежи од снег. Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, забраната е воведена од 17 часот.
