Author: Author 01

Претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на 8 март 2026 година во Љубљана ќе биде именуван за член на Меѓународниот советодавен одбор на Економски факултет при Универзитетот во Љубљана при Универзитетот во Љубљана, соопштија од Комората. Ова е уште едно признание на нашите напори да воспоставиме врска меѓу науката и бизнисот, вели Азески за изборот на оваа престижна функција во друштво на многу значајни имиња од бизнис- и универзитетската сфера на Европа, проф. Ана Паула Африкано С. Силва при Универзитетот во Порто; проф. Ана Бломбек, меѓународен факултет за бизнис во Јеншепинг; проф. Хана Холмс, градски универзитет во…

Повеќе

Верижен судир се случил утринава на автопатот Штип-Миладиновци, поради што сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента. Како што објавува М-Нет, се судриле пет возила, најверојатно бидејќи на патот имало голомразица, па колите се излизгале, иако нема официјална информација за причината за несреќата. Засега нема ни информации за состојбата на возачите и патниците. Се очекуваат детали.

Повеќе

На 21.02.2026 околу 18:04 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје е пријавено дека во установата Ш.М. физички го нападнал М.М. инаку двајцата притвореници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Повеќе

На 21.02.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје 32-годишна жена пријави дека во Градскиот парк во Скопје била физички нападната од нејзиниот партнер А.Д.(31). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Утрово во земјава беа измерени температури под нулата, но синоптичарите за денес најавуваат сончево време со максимална температура до 16 степени. Најниската утринска температура од -5 степени е измерена во Берово и на Попова Шапка. Температура од -4 степени е регистрирана во Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Крива Паланка и Скопје – Петровец. Во Струмица, Претор, Штип и Прилеп се измерени -3 степени, додека во Велес, Охрид, Тетово и Виница -2 степени. На Зајчев Рид во Скопје, Пожаране и Тополчани се измерени -1 степен, а во Гевгелија нула степени. Според прогнозите, до крајот на неделата времето ќе биде претежно сончево.…

Повеќе

МВР официјално потврди дека е уапсен Артан Груби. -Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ, велат од МВР. Артан Груби е екс прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ кој се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.

Повеќе

Во емисијата „Код“ на Телма беа објавени нови детали за транспортот на марихуаната што беше запленета во Србија, во Коњух. Според информациите изнесени во „Код“, дрогата од Македонија во Србија била пренесена со камион што бил лажно пријавен дека превезува „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“, наводно наменети за извоз во Манчестер, Англија. Наместо перници, во товарниот дел имало 200 кутии со по 6 килограми марихуана. Кутиите биле натоварени на паркинг во близина на Свети Николе, каде што дрогата била донесена со повеќе возила од Алфафарм, без полициска придружба, и потоа претоварена во камионот. Претходно, перниците од првиот камион биле…

Повеќе

За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 12 април. Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Тогаш, зошто се нарекува Четириесетница? Затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страсна седмица. Севкупно Велигденскиот пост ги опфаќа Четириесетницата и Страсната седмица. Велигденскиот пост нема свој постојан датум, туку зависи од…

Повеќе

Денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел ќе останат без електрична енергија. Според информациите од ЕВН Македонија, од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Марко Крале“, во близина на објектот број 51 во општина Бутел, додека од 08:35 до 11 часот прекин ќе има и на улицата Радишанска. Од 08:30 до 10 часот струја нема да имаат и жителите на улица „Козле“, зад фабриката „Реплек“ во општина Карпош. Во периодот од 12 до 16 часот без електрична енергија ќе остане дел од улица 1439 во населбата Пинтија, општина Кисела Вода.

Повеќе