- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 01
Времето денес ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат услови за повремен локален дожд. Претпладне ќе биде тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер – во западните делови од западен, а во источните делови и долж Повардарието умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 3 степени, додека максималната ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. (43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во периодот од 2020 до 2024 година, откако бил поставен како вршител на должност директор, а потоа и именуван за директор на ЈЗУ – Здравствен дом Куманово, склучувал договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да обезбеди: одобрение од Министерството за здравство, и согласност од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства. Со тоа тој постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и Законот за трансформација во редовен работен…
Во несреќата која се случи утринава на автопатот Штип–Скопје, се судриле осум возила, јавуваат од МВР за Скопје Инфо. Денеска околу 07:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека по наплатната станица „Преод“, во насока кон Скопје, дошло до судир меѓу осум возила. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје. Увидот е во тек.
Под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време. Исклучок ќе биде утре кон крајот на денот, кога ќе има услови за слаб локален дожд, информираат од УХМР. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го промени правецот и ќе дува од југоисток. За време на викендот се очекува зголемување на облачноста.
Црната кутија за владеењето на ДУИ, конечно, се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа Мала Речица се тресе од страв бидејќи не знаат за што сè е подготвен да проговори Артан, се вели во сооопштението од „Вреди“. Откако ДУИ катастрофално изгуби на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Владата, на Артан не му останува ништо друго, освен да се соочи со сопствените гревови. Но, кој сè ќе оди курбан заедно со него – допрва ќе видиме, велат од партијата.
На 23.02.2026 година во 01:15 часот на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Е.Џ.(25) од Берово. Лицето било затекнато при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се дало во бегство. По преземени мерки и активности, истото било сопрено и лишено од слобода, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „oдземање на моторно возило“ по член 242 став (1) од КЗ на РСМ. При лишувањето од слобода извршено е алкотестирање, при што биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта. Исто…
МВР официјално потврди дека е уапсен екс првиот вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби, во 06 часот и 10 минути, на Граничниот Премин Блаце. Од затворот „Скопје“ во Шутка, за САКАМДАКАЖАМ изјавиле дека пред задолжителниот лекарски преглед, Груби бил прашан дали од некого од притворените не се чувствува безбедно, на што одговорил дека не се чувствува. – На конкретно прашање од кого, тој ни кажа дека практично од сите, бидејќи како што рече, ‘и сами гледате, сè е против мене и сите се против мене’. На дополнително прашање тој наведе дека е небезбеден од некои лица етнички…
На 19 февруари 2021 година, пред пет години, почина еден од најголемите текстописци и изведувачи на Балканот – Ѓорѓе Балашевиќ. Малкумина денес се сеќаваат дека својата кариера ја започна во групата Рани Мраз, каде што настапуваше заедно со Бора Чорба. Иако биле добри пријатели, токму една песна подоцна станала причина за раздор меѓу нив. Станува збор за хитот „Лутка са насловне стране“, кој подоцна стана еден од најпознатите на бендот Рибља Чорба. Според приказните, Бора сакал песната да биде објавена, додека Балашевиќ не се согласувал со тоа. Несогласувањето довело до прекин на соработката и заминување на Балашевиќ од групата. По…
На 23.02.2026 во 01:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода М.П.(30) од Република Србија. Полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел астра“ со српски национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена…
МВР официјално потврди дека е уапсен екс првиот вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби. -Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ, велат од МВР. Тој, според информации на Слободен Печат, веќе е спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Пред некои дваесетина минути бил спроведен во затворот, сам, без адвокат. Артан Груби се гони за проневера во служба“ во Државна…
