Арсовски: СДСМ крие колку пари потрошиле за изборите

Предвремените парламентарни избори 2020 година беа изведени на најнедемократски начин од страна на СДСМ и коалицијата Можеме, ова денеска преку прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-СДСМ интервенираше во 5 до 12 пред завршетокот на вонредната состојба во изборниот законик со уредба на Влада во вонредна состојба да го ограничи времето на рекламен простор низ медиумите за опозицијата, за ВМРО-ДПМНЕ, а денеска можеме да видиме од извештајот доставен до ДЗР од страна на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ дека се крајно нетранспарентни и кријат одредени ставки каде ги трошеле парите наменети за кампања и за одредени спецификации. Имено, ако се погледне извештајот на СДСМ кој е јавно достапен и за медиумите и за граѓаните, може да се види дека е најнетранспарентен и технички празен, без наведени ставки колкави суми имаат потрошено СДСМ за одредени спецификации кои што јасно се наведени во извештајот и кој што е практика јавно и транспарентно да се објават од страна на политичките партии каде ги трошеле сумите. Па така, за почеток да прашаме зошто СДСМ крие колку пари потрошиле на рекламни паноа и билборди, бидејќи истите се јавно обзнанени уште на ждребањето во Државната изборна комисија каде што се беше транспарентно кој дел за која политичка партија припаѓа, односно кој пакет? Концесионерите јавно си ги истакнаа цените и локациите, ждребањето беше јавно и истата информација се процесуира до ДИК која партија колку локации закупила, но СДСМ не сака воопшто да биде транспарентна пред јавноста и медиумите и да ги објави сите суми, односно колку пари има потрошено за рекламни паноа и билборди. Тоа е податок кој што треба да биде наведен во извештајот доставен до СДСМ и коалицијата Можеме до Државниот завод за ревизија, вели Арсовски.

Тој додава дека податоците кои што исто така се јавни во пакетите кои беа во ждребањето во ДИК велат дека велат дека СДСМ овие избори имаше закупено стотици рекламни паноа, а пак како што реков, ќе повторам немаат пријавено ниту еден закупен билборд во извештајот доставен од нивна страна до заводот за ревизија.

-Нетранспарентноста и криењето на средства потрошени за политичката кампања е недемократски и противзаконско, односно ова што го прави СДСМ е крајно нетранспарентно и противзаконско. Јавноста и граѓаните мора да знаат каде политичките партии ги потрошиле парите и колкави суми. Додека говореа за транспарентност изминативе 3 години, СДСМ всушност станаа најнетранспарентната партија во Република Македонија. Ваквиот начин на работа на СДСМ само ги искажува намерите да се однесуваат диктаторски и нетранспарентно, нешто што е многу својствено за оваа Влада на СДСМ изминативе 3 години, која се обидуваше секоја една работа која што е поврзана со скандал или афера со нив да ја сокрие, вели Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега