Арсовски: МВР е виновно што секој бандит со пиштол пука кај стигне
На МВР поважно им е дали на граѓаните маската им е под нос или закачена само на едното уво за веднаш да ги казнат, а воопшто не им е важно кој поседува и носи со себе пиштол. За овој хаос и пукање кое што го видовме денеска во центарот на Скопје, пред Градската болница, претходно и во селото Батинци, директно се одговорни и надлежни МВР.
Ова вечерва го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Вели дека откако СДСМ дошла на власт низ центарот на Скопје можат да се видат само филмски пукотници.
- Секој што си зема за право да носи пиштол во себе, се повикува на блискоста со власта и станува опасен за околината, што денеска се виде и во самиот центар на Скопје пред Градската болница, но претходно каде што имаше пукотници во селото Батинци. Дополнително, голем е сомнежот дека власта крие нешто бидејќи нејасни беа информациите кои ги споделуваа во медиумите. Најпрвин очевидци за медиуми брифирале дека лице со пиштол се заканувало и пукало пред болницата, за потоа експресно МВР и директорот на СДСМ на болницата, да демантираат дека немало никакво пукање пред градската болница, а за што сепак сведочи и автомобилот и пиштолот кои се најдени на паркингот. Дали и зошто полицијата ги крие овие информации од граѓаните останува нејасно, но се поочигледно е дека доколку од самиот почеток кријат, тоа значи дека можеби се работи за лица кои се блиски до структурите на власта, рече Арсовски.
Според него, скопјани и граѓаните на Република Македонија не се безбедни со вакви бандити кои што шетаат со пиштоли.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа