Арсовски: ДКСК да отвори случај за СДСМ што немаат покритие за над 700.000 евра

Неколку дена апелираме и говориме на една тема, а тоа е финансирањето на политичките партии во време на кампањата за предвремените парламентарни избори. А, истите тие неколку дена СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ги игнорираат буквално овие прес конференции, оваа тема затоа што има сомнеж дека сето она што го говориме е вистинито. Денеска поднесовме претставка до Антикорупциската комисија, да отвори случај, да истражи на кој начин и како се финансирала СДСМ во кампањата за предвремените парламентарни избори, каде што немаат поднесено извештај за потрошени над 700.000 евра. Сума која што е прилично голема.

Ова денеска го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција пред зградата на Антикорупциска. Според него, СДСМ има порошено над 200.000 евра за закуп на рекламни паноа и билборди.

- Нормално билбордите беа јавно објавени пакетите, ждребање во ДИК итн. Но не ја сфаќаме причината поради која што СДСМ не се транспарентни кон јавноста.           И втората прес конференција каде што обзнанивме дека над 500.000 евра имаат потрошено за рекламирање на социјалните мрежи, Фејсбук, Инстаграм и останатите каде што можат да се рекламираат. Дневно има трошено над 27.000 евра како што реков во текот на кампањата над 500.000 евра, но немаат покритие за истите пари. Така да, апелирам уште еднаш до Антикорупциската комисија да отвори случај, да ја сфати сериозно работата, бидејќи се работи за огромна сума на пари. Сомнежот е и на граѓаните, и на јавноста, и на сите останати дека тие пари се финансирани од рекетирањето на бизнисмените кое што го правеше СДСМ, од Луј Витон торбата итн. Но, тоа е работа на институциите која што ќе треба да ја истражат и да ја сведат до самиот крај, рече Арсовски.

Според него, СДСМ на овие избори извршиле изборен грабеж и поткуп.

тоа го преточи, освен надвор на терен, и во институциите како гласањето на Уредбата во Владата на пет минути пред завршување на вонредната состојба за двојно намалување на средствата за рекламирање и минутите на опозицијата, потоа и со непријавувањето на овие суми на пари, над 700 илјади евра. Така да, очекуваме брза реакција од институциите. Кога СДСМ не се транспарентни, игнорираат и молчат, очекуваме дека Антикорупциската комисија ќе отвори случај и ќе ја извади вистината на виделина. Во спротивно, ќе сметаме дека и тие се соучесници во целиот овој процес на СДСМ за нетранспарентност и прикривање на пари, односно финансирање од црни пари, рече партискиот портпарол.

Арсовски: ДКСК да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

Posted by Press24.mk on Monday, 10 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега