Арсовски: Дали во пожарот изгоре документација што укажува на финансиски малверзации?

Вчера бевме сведоци на уште еден крајно сомнителен пожар кој што се случи токму позади мене во оваа зграда, во државниот инспекторат за животна средина, рече во денешната изјава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Аровски.

-Пожарот кој го зафати државниот инспекторат за животна средина сосема случајно или крајно сомнително, го зафати токму делот каде што се складирани документи и архива од истата институција односно од државниот инспекторат за животна средина. Затоа јавно прашуваме, што содржеа тие документи кои што изгоре? Колкава е и каква е штетата на изгорените документи и изгорениот материјал во овој инспекторат?Каков тип на документи изгореа вчера во пожарот- запрашува портпаролот на ВМРО-ДПННЕ, Димче Арсовски.

Арсовски прашува зошто се уште молчат и од институциите, и од Владата, и од државниот инспекторат за животна средина за овој пожар кој што се случи вчера.

-Зошто се уште не е излезен официјален записник во медиумите со целокупната причинета штета, со целокупниот листинг на документи кои што се изгорени? Еве јавно прашуваме, потенцирам јавно прашуваме, би ги повикал тука и медиумите да го истражат случајот, дали е точно дека изгорени се документи и извештаи кои укажувале на злоупотреба на пари од проекти од европските фондови кои што биле складирани токму тука во државниот инспекторат за животна средина, наменети за оваа институција?- запрашува Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2020 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега