Арсовска во „Топ тема“ за протестот на приватните превозници: Причина за раскинот не е Градот, туку нивното непочитување на договорните обврски

Двете здруженија имаа склучено договори со Градот Скопје, а преку Градот и со ЈСП, но и едното и другото здружение дозволија да се раскинат поради непочитување на одредбите од договорот. Причина за раскинот не е Градот, туку нивното непочитување на договорните обврски, истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„За едното здружение е согласно членот 29 во договорот што го имаа склучено на крајот на минатата година, а тоа е дека не обезбедуваше превоз на линиите во договорениот обем и тоа најмалку 80 проценти во текот на повеќе календарски месеци. Прво, треба да се погледнат причините зошто го прават тоа, второ, несомнено е дека сакаат да направат привид на хаос. Трето, она што е значајно за нас, е дека договорите се раскинати не по наша вина, туку затоа што некој не си ги почитиувал одредбите на онојо договор кој што го имал склучено“, изјави Арсовска.

Град Скопје, како што нагласи Арсовска, понудил, преку нов јавен повик, под соодветни услови, секој да може да аплицира во Градот и директно да работи и да си заработува чесно.

„Ова што го видовме со овие здруженија и ова што се случуваше во изминатите месеци е далеку од тоа. Ние ќе оставиме на институциите да пристапат и истражат што се случувало“, рече Арсовска.

29.11.2022 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа