На 18.02.2026 во 16:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.З.(38) од Косово.
При гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.


