Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Apple подготвува телефон на преклоп – ќе биде многу скап

    Apple подготвува телефон на преклоп – ќе биде многу скап

    09.09.2026 во 10:59Updated:09.09.2026 во 11:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Епл“ се подготвува за една од најголемите промени во дизајнот на ајфонот во речиси две децении – претставување на првиот модел со преклоплив екран. Новиот уред, развиван со години под кодното име V68, треба да биде позициониран над досегашните про-модели и би можел да чини од околу 2.000 до 2.200 долари, а најскапите верзии да се доближат и до 3.000 долари.

    Главниот екран се очекува да биде со дијагонала од околу 7,8 инчи, а надворешниот 5,5 инчи. Кога е склопен, телефонот би бил приближно со големина на пасош, додека отворен ќе овозможува полесна работа со повеќе апликации и гледање видеосодржини на поголем екран.

    „Епл“ посветил особено внимание на еден од главните проблеми кај телефоните на преклопување – видливата линија на местото на превиткување. Компанијата развила нова шарка од титаниум и алуминиум и специјално заштитно стакло, со цел преклопот да биде помалку забележлив и поиздржлив.

    Сепак, новиот модел може да има и компромиси во однос на класичните ајфони, меѓу кои послаба камера, пократко траење на батеријата и помала издржливост. И покрај високата цена, аналитичарите проценуваат дека „Епл“ би можел да продаде меѓу седум и десет милиони преклопливи ајфони уште во првата година.

    Со овој модел „Епл“ влегува на пазар на кој „Самсунг“, „Хуавеј“ и „Гугл“ веќе неколку години нудат телефони на преклопување, а новиот ајфон ќе биде и првиот голем производ претставен под раководство на новиот извршен директор Џон Тернус.

    Прочитај повеќе

    Македонците највеќе го користат ChatGPT за празен муабет

    28.09.2026 во 11:38

    Вештачката интелигенција цица струја

    28.09.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.