Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    (ФОТО) Мицкоски на промоција на комуналната опрема: За 26 месеци се изборивме со распаднатите институции и ја задвиживме државата

    03.09.2026 во 12:35

    Познатиот доктор Игор застрелан пред клиниката за ин витро оплодување: Вооружен човек испукал 20 куршуми

    03.09.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ангелов предупредува: Пиромани повторно палат на Китка и Жеден, активни над 30 пожари
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски најави изградба на нов булевар во Скопје: „Македонско-косовска бригада“ ќе добие четири ленти и нова инфраструктура
    • Сиљановска-Давкова од Охрид: Да ги задржиме младите инженери дома е стратешка цел за опстанокот на државата
    • Тешка сообраќајка во Скопје: Тројца полицајци пренесени на Клинички
    • Мицкоски: Македонија оди напред
    • Мицкоски: Опозицијата покажува непознавање за јавниот долг, еврообврзницата е за враќање на нивните стари долгови
    • Мицкоски: Лоши вести за опозицијата
    • (ФОТО) Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Братство“, инвестиција од околу 100 милиони денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов предупредува: Пиромани повторно палат на Китка и Жеден, активни над 30 пожари

    Ангелов предупредува: Пиромани повторно палат на Китка и Жеден, активни над 30 пожари

    04.09.2026 во 13:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    И покрај дождливите бранови, во текот на вчерашниот ден ширум државата се регистрирани најмалку 31 пожар на отворен простор, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

    Најкритично е кај скопските села Грачани и Никиштане, каде што пожарот премина од косовска страна, а поради ветерот синоќа чад се почувствува во повеќе скопски општини.

    За ангажманот на службите на овој потег, Ангелов истакна:

    Врз него овие денови дејствуваме и од воздух и од земја, но за жал сѐ уште е активен. Синоќа почна да дува ветер од насока од пожарот кон Град Скопје и чадот можеа да го почувствуваат скопјани од повеќето скопски општини. Чадот предизвика вознемиреност помеѓу поголем дел од населението на Град Скопје.

    Тој потенцираше дека се преземаат интензивни мерки од воздух и земја:

    Тие работат по огнената линија, по самата линија на огнот, обидувајќи се истата да ја намалат. Од воздух поддршка дава еден армиски хеликоптер, еден полициски хеликоптер, како и два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Во овој момент слободно можам да кажам дека двете села Грачани и Никиштане не се загрозени од пожарот, иако кај населението постои одредена загриженост. Очекувам до доцна во вечерва овој пожар да биде ставен под делумна контрола.

    Втората сложена жариште е на подрачјето меѓу Струга и Дебар, каде што огнот зафати мешовита шума и нискостеблеста вегетација на тешко пристапен терен.

    Во попладневните часови врз него ќе дејствуваме со ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување – соопшти Ангелов.

    Оделот за заштита и спасување алармира и за нови намерни палења на планината Китка, во општините Студеничани и Зелениково, како и во подножјето на Жеден кај селото Копаница.

    Благодарение на храбрата и пожртвувана работа на скопските пожарникари, овие пожари се изгаснати, но да укажам дека ваквото палење на разни пожари на територијата на Град Скопје ги расфрла нашите сили. Затоа апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни, со своето однесување да не предизвикаат пожар, но исто така да бидат внимателни и доколку забележат сомнително однесување, истото да го пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица или на било кој полицаец или пожарникар.

    Во однос на сомнежите за намерни палења на планината Жеден, тој додаде:

    Минатите денови мака мачевме гаснејќи го големиот пожар којшто се одвиваше на оваа планина, но некој упорно и упорно повторно подметнува нови пожари од сите страни на планината Жеден, и од скопска и од тетовска страна.

    Надлежните апелираат на максимална одговорност од граѓаните бидејќи опасноста од нови ширења на огнот сè уште не е помината.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Ѓорѓиевски најави изградба на нов булевар во Скопје: „Македонско-косовска бригада“ ќе добие четири ленти и нова инфраструктура

    04.09.2026 во 13:31

    Сиљановска-Давкова од Охрид: Да ги задржиме младите инженери дома е стратешка цел за опстанокот на државата

    04.09.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.