Пожарот кај струмичкото село Куклиш се проширил до првите куќи, но брзата интервенција на пожарникарите спречила огнот да предизвика поголема катастрофа, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Според него, состојбата во еден момент била сериозна бидејќи пламените јазици се приближиле до населениот дел, по што екипите на ТППЕ Струмица интервенирале непосредно пред куќите.

Ангелов ја пофали реакцијата на струмичките пожарникари, оценувајќи дека со нивната навремена и храбра интервенција биле заштитени домовите и населението.

Во гаснењето биле ангажирани повеќе екипи, а борбата со огнот се одвивала во тешки услови поради високите температури, сувата вегетација и брзото ширење на пожарот.

Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на терен и да работат на целосно локализирање на пожарот.

Exit mobile version