Андоновски: По налог на Шилегов намерно се саботирале двокатните автобуси

Дилемите и случувањата околу „Бас рапид транзит“ (БРТ)-системот и бесплатниот јавен превоз во Скопје беа дел од темите на вечерашната Топ Тема на Телма, во која дебатираа советниците од Град Скопје, Мартин Попов од СДСМ и Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие разменија многу аргументи за главните ветувања од предизборната кампања, но и обвинувања за претходните и сегашните раководства на градот.

Андоновски го обвини претходниот градоначалник Петре Шилегов за недомаќинско работење поради кое го оставил буџетот на општината руиниран како после војна. Вели дека започнувал проекти само за да ги рекламира и малку подоцна да ги напушти. Во однос на БРТ системот и последните информации кои се појавија во јавноста дека проектот ќе биде прекинат, тој посочи дека има неколку опции како да се продолжи и не ја исклучува можноста за референдум, но тврди дека на граѓаните не им е јасно каков е тој систем, и што ќе донесе.

Андоновски уште обвини дека во ЈСП, „по налог на Шилегов, намерно биле саботирани двокатните авотобуси“.

За Попов, пак, овие обвинувања се несериозни.

„Сигурен сум дека овие обвинувања не се издржани, бидејќи од она што го имам како информација е дека двокатните автобуси, за кои да потсетам има предмети во Јавното обвинителство, за начинот на кој беа набавувани, не постоеше начин како да се набават делови. ЈСП се соочуваше со проблем како да ги сервисира. Тоа беше лоша набавка, која знаеме како резултираше“, рече Попов.

 

20.12.2021 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега