Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11

    Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење

    28.05.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”
    • УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово
    • Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење
    • Невреме го зафати и Куманово и Струмица
    • Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството
    • Предупредување за пчеларите: Од први јуни започнува авионската дезинсекција против комарци во Скопје
    • Невреме го зафати Штип: Силни грмежи, пороен дожд и ветер
    • (ФОТО) „Крај за бркањето глодари и неисправни бојлери“: Јаневска најави модерни услови во реновираните студентски домови од новата академска година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски од Свечената академија: Власите се нераскинлив дел од развојот на Македонија, како Влада ја градиме државата како дом за сите

    Андоновски од Свечената академија: Власите се нераскинлив дел од развојот на Македонија, како Влада ја градиме државата како дом за сите

    23.05.2026 во 15:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упатувајќи честитки до припадниците на влашката заедница и истакнувајќи го нивниот значаен придонес во историскиот, културниот и општествениот развој на државата.

    Во своето обраќање, министерот Андоновски нагласи дека Националниот ден на Власите е значаен не само за влашката заедница, туку и за целата држава, бидејќи преку чествувањето на една заедница се потврдува духот на Македонија како мултиетничка држава на соживот, меѓусебно почитување и разбирање.

    „Влашката заедница е нераскинлив дел од историскиот, културниот и општествениот развој на Македонија. Со генерации, Власите даваат силен придонес во економијата, образованието, културата, уметноста, науката, трговијата и јавниот живот“, истакна Андоновски.

    Министерот потсети и на значајната улога на Власите во историските процеси и борбата за самостојност, независност и идентитет, посочувајќи дека Македонија не смее да ги заборави своите Власи кои се вткаени во нејзината историја.

    Во обраќањето, Андоновски порача дека мултиетничкиот и мултикултурниот карактер на државата треба да биде дел од секојдневната политика, институционална обврска и јасна определба на секоја одговорна власт.

    „Како Влада, остануваме посветени на принципот дека граѓанинот е во центарот на нашите активности. Ја градиме Македонија како дом за сите нејзини граѓани – дом во кој никој не е заборавен, никој не е ставен на страна и никој не е помалку вреден поради својот јазик, етничка припадност, култура или традиција“, нагласи министерот.

    Тој додаде дека почитувањето на заедниците не е само културно прашање, туку прашање на демократија, стабилност и европска зрелост. Според него, европската иднина на државата не се темели само на формални процеси, туку и на вредности, меѓу кои еднаквото достоинство на сите граѓани, заштитата на културното наследство и почитувањето на различностите.

    Министерот Андоновски изрази благодарност до претставниците на влашката заедница, здруженијата, културните работници, професорите, уметниците и активистите кои придонесуваат влашкото наследство да се зачува, развива и пренесе на следните генерации.

    „Државата е посилна кога секоја нејзина заедница е почитувана, видлива и активна. Нека Националниот ден на Власите биде потврда дека различностите не нè делат, туку нè збогатуваат“, порача Андоновски.

    На крајот од своето обраќање, министерот го честиташе Националниот ден на Власите и на влашки јазик: „Ti multsã anji dzua natsionalã a Armãnjilor“ – Ви го честитам Националниот ден на Власите.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.