Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, информираше за нови наоди од истрагата за стомачните тегоби кај учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“, нагласувајќи дека сè уште не може да се даде конечен заклучок поради повеќекратните извори на контаминација.

На три чешми во училиштето (една во кујна, две во училница) пронајдени се Ентеробактериаце (грам-негативни бактерии), кои укажуваат на нехигиена.

Во носот на една вработена во кујната најден е Стафулококус ауреус, кој исто така може да предизвика ваква симптоматологија.

Кај едно од децата кои се на лекување на Детската клиника докажан е норовирус во фецес, вирус кој лесно се пренесува и долго перзистира на површините.

Андоновска информира дека досега имаат 29 пријави од ученици и една пријава од наставничка. Во болницата моментално се сместени седум деца, сите во добра и стабилна состојба.

Exit mobile version