Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден објавува Журнал.мк
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Канадски претприемач гради 99 куќи за да го намали бројот на бездомници во својот град
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновска: Додека СДС си ја “ишка мувата” за нивната одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности

    Андоновска: Додека СДС си ја “ишка мувата” за нивната одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности

    10.08.2026 во 23:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мали Фрчко не само да намали, туку да престане со “цртите”, не е добро за здравјето!

    Јавното обвинителство веќе постапува и јас ги охрабрувам да истражат најпрофесионално до последен факт и да утврдат одговорност.

    Со години институциите (лабораториите) пријавувале неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови, пишува на ФБ директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.

    СДС молчел, се криело од јавноста и граѓаните, иако граѓаните трпеле здравствени последици. Никој не знаел кој е причинителот на здравствените проблеми, бидејќи на СДС не било приоритет здравството и грижата за населението, туку приоритет им било “лоповлук” и лично богатење.

    Знаел и Венко(МЗ), знаела и Рената( ДСЗИ), знаел и тогашниот директор на АХВ, сите знаеле! Добивале писмени известувања од Центрите за јавно здравје, ИЈЗ, приватни акредитирани лабаратории за испитување квалитет.

    Сите овие известувања кои ги добивале и молчеле, ќе бидат доставени до јавноста и до обвинителството.

    Не смее да е исто и не е исто!

    Сите надлежни институции, вклучително и здравствените имаа соодветен одговор и дено-ноќно работат за граѓаните на Госивар добијат квалитетна вода, а воедно се достапни за доставување на информации и документација која ќе биде побарана.

    Ајде Венко уште денес да влеземе во судница и јавно пред сите медиуми и целата јавност, да разговараме и да ги извадиме фактите и аргументите и за Гостивар, и за прочистителната станица во Гостивар која сеуште не била ставена во функција и за известувањата за неисправна вода во повеќе градови за која сте молчеле и за ограбените и распаднати здравствени институции кои си ги оставил, за модуларната болница, за Ковидот, за 10 тони опасен хемиски отпад кој можеше да направи голема хаварија во сред Клинички а си го оставил со години иако си знаел , да зборуваме и за лабараторијата од трет степен на безбедност, која си ја отворал во ИЈЗ за која има странска донација, а не проработела ни минута затоа што не е довршена, тоа што е направено е во голем дел погрешно изведено, а фирмата изведувач веќе не постои….а си знаел, во иста зграда си бил…

    Ајде Венко имаме уште многу што да разговаравме, каков “пепел” оставивте и што се превземаме за да ги вратиме институциите во кондиција!

    Верувам во професионалноста на обвинителството и верувам дека секој ќе си го добие местото кое го заслужува согласно законот и прописите.

    Додека СДС си ја “ишка мувата” за нивната одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности, стои во објавата на Андоновска.

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден објавува Журнал.мк

    11.09.2026 во 21:43

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.