Американскиот врховен суд: Трамп има право на имунитет

Врховниот суд на САД пресуди дека поранешните претседатели имаат право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, со што се намалува веројатноста дека федералната кривична постапка против Доналд Трамп (по обвинение дека планирал да го запре трансферот на власта на 6 јануари) ќе продолжи пред изборите во 2024 година.

 

Врховниот суд пресуди дека поранешниот претседател Доналд Џеј Трамп има право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, пишува„ Њујорк Тајмс“.

Гласањето беше шест против три, поделено според тоа кој која партија ја фаворизира.

Трамп тврди дека има право на апсолутен имунитет од гонење.

Пониските судови ги отфрлија тврдењата на Трамп, но одлуката на Врховниот суд може доволно да го одложи случајот, толку многу што Трамп ќе успее целосно да го отстрани сето тоа доколку победи во ноември.

Судиите рекоа дека Трамп е имун од гонење за службените дејствија преземени за време на неговото претседателствување, но има клучна разлика помеѓу службеното и приватното однесување.

Случајот се враќа на понизок суд, кој ќе одлучи дали дејствијата на Трамп биле службени или приватни.

Поранешниот претседател се соочува со три точки од обвинението за заговор и едно обвинение за попречување на службените постапки, сите поврзани со неговите напори да остане на претседателската функција по поразот на изборите во 2020 година.

01.07.2024 - 17:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега