Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Нема да даваме делумни информации за „кардиолошките случаи“, ќе ги соопштиме резултатите по целосното завршување на експертизата

    Алиу: Нема да даваме делумни информации за „кардиолошките случаи“, ќе ги соопштиме резултатите по целосното завршување на експертизата

    24.09.2025 во 20:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Осум предмети од „кардиолошките случаи“ се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но очекуваме да ни бидат доставени и други од институции и граѓани, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу.

    Во гостување на ТВ Сител, Алиу напомена дека резултатите од целиот овој процес ќе бидат соопштени на крај, кога ќе се изготви завршниот извештај. Нема да се оди со делумни информации во јавноста поради сензитивноста на случајот и пред се, за да се поштедат пациентите и нивните семејства.

    Во експертизата се вклучени Стручна комисија од Министерството за здравство, тим од Лекарската комора по барање на министерот Алиу, како и тројца стручњаци од Словенија, Австрија и Италија кои допрва треба да дојдат во Македонија.

    -Не можеме да кажеме временска рамка кога би завршил процесот, но делумно нема да информираме за резултатите, туку ќе ги соопштиме кога ќе бидат конечни. Процесот е затворен, таква ни е методологијата. Денеска се завршени осум наоди, имаме и нови кои ќе се анализираат од наредниот вторник. Паралелно со Комисијата барав и претставници од Лекарската комора. Тие најверојатно од наредната недела ќе почнат да разгледуваат по четири – пет ад-хок случаи од 2023 до 2025 година од приватните и државните клиники и на крај, заедно со тројцата странски експерти од ќе донесеме краен извештај, кој ќе биде затворен. Потоа ќе се направиме работна група која ќе ги имплементираме политиките што ќе произлезат од овие документи. Крајно време е сите да бидеме одговорни, да не дозволиме процеси надвор од стручните, строго дефинирани протоколи, подвлече Алиу.

    Тој е свесен за недовербата на граѓаните во здравството, но таа, напомена, не е од сега, туку од поодамна. Еден од начините за подобрување на ситуацијата, рече, е дигитализација. Потсети дека се работи на 205 милиони евра инфраструктурни инвестиции.

    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.