Албанија за викендов набави струја во вредност од 7,6 милиони евра

Албанската корпорација КЕШ објави дека за следниот викенд потрошила 7,6 милиони евра за електрична енергија.

КЕШ купила 15.624 мегават часови по просечна цена од 487,75 евра, па така наскоро треба да се отвори тендер за обезбедување на електрична енергија од 22 до 28 август.

Пред неколку дена Албанија му помогна на Косово и му даде струја за да бидат избегнати рестрикции, кои претходно ги најави косовската Влада.

19.08.2022 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега