Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР се огласи: Се врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола
    • Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
    • Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
    • Меси добива титула „Почесен доктор“ од Универзитетот во Буенос Аирес
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алармантно предупредување од НАТО: Над 200 руски хибридни напади регистрирани минатата година

    Алармантно предупредување од НАТО: Над 200 руски хибридни напади регистрирани минатата година

    15.09.2026 во 19:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бројот на руски хибридни напади врз земјите од НАТО значително се зголеми, наведува висок функционер на Алијансата, пренесува ДПА.

    Функционерот на НАТО од Брисел прецизира дека само минатата година се регистрирани повеќе од 200 вакви инциденти, додавајќи дека рутинските „секојдневни“ кибернапади воопшто не се вклучени во оваа бројка.

    „Самото седиште на НАТО се соочува со илјадници кибернапади секој месец“, изјави тој, пренесен од германската агенција.

    Осврнувајќи се на случајот со дронот полн со експлозив што беше пронајден на аеродромот Лајпциг/Хале во Германија, функционерот нагласи дека видот на откриениот експлозив сугерира директна вмешаност на руската разузнавачка служба:

    „Семтекс не е нешто што би му дале на дете што сте го регрутирале да игра видеоигри.“

    НАТО, како и германската Влада, овој инцидент го третираат како хибриден напад, иако експлозивната направа не детонирала. Според проценките на Алијансата, Русија преку овие акции се обидува да ја поткопа политичката и практичната поддршка за Украина, но и да се подготви за можна понатамошна ескалација. Ова вклучува извидување на критичната инфраструктура, логистичките синџири и претходно позиционирање на малициозен софтвер во важните индустриски контролни системи.

    Од НАТО истакнуваат дека се особено загрижени поради променливата природа на заканите:

    „Бројките се зголемени, сериозноста е зголемена, апетитот за ризик е зголемен.“

    Како одговор на овие предизвици, Алијансата се стреми да го зајакне одвраќањето преку воени мерки и подобра заштита на критичната инфраструктура. Планирано е и воспоставување на специјална мрежа за критична енергетска инфраструктура која ќе овозможи размена на безбедносни информации со операторите, како и поддршка за заеднички вежби за вонредни ситуации, одбрана од беспилотни летала и киберодбрана. Во особено сериозни случаи, врховниот воен командант на НАТО би можел да побара од земјите-членки и распоредување офанзивни киберкапацитети, додаде функционерот.

    Прочитај повеќе

    Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта

    06.10.2026 во 20:20

    Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија

    06.10.2026 во 19:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.