Ако си го продолжувате работното време го зголемувате ризикот за мозочен удар

Светската здравствена организација објави податоци од нова студија за тоа како продолжувањето на работното време влијае на здравјето.

Од мозочен удар или срцеви болести поврзани со предолго работно време во 2016 година умреле околу 745.000 луѓе, што е речиси 30 отсто повеќе во однос на 2000 година. Поголемиот број жртви, дури 72 проценти се мажи во средни или постари години.

Ова се резултатите од студијата на СЗО за прераната смрт поврзана со долгото работно време, кое е објавено во списанието „Environment International“. Во студијата се наведува дека продолжената работа е смртоносна за стотина илјади работници годишно во светот, а негативниот тренд би можел дополнително да се влоши и да се забрза поради пандемијата од коронавирусо.

Седмичната саатница од 55 или повеќе работни часови за третина го зголемува ризикот од мозочен удар, а за 17 проценти од болести на срцето во споредба со работниците кои работат помеѓу 35 и 40 часа. Во студијата опфатени се 194 земји, а според СЗО учествувала и Меѓународната организација на трудот.

Истражувањето е правено во периодот од 2000 до 2016 година, односно пред пандемијата, па научниците сметаат дека сѐ почестото работење од дома и забавената глобална економија би можеле да го зголемат ризикот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа