Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата
извозник – Бразил, соопшти АХВ.
„Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година“, стои во соопштението од АХВ.
Актуелно
- Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
- Запалено игралиште за баскет во Радишани
- По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
- Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
- Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
- На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
- Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
- Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

