Close Menu
Press24
    Најново

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Агенцијата за нафтени резерви под лупа: Ревизија откри проблеми со платите и работното време

    Агенцијата за нафтени резерви под лупа: Ревизија откри проблеми со платите и работното време

    21.07.2026 во 10:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе слабости и неправилности во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви при контролата на финансиските извештаи за 2024 година и усогласеноста со законските прописи.

    Ревизорите изразиле мислење без резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но дале мислење со резерва во однос на усогласеноста на работењето со законите, подзаконските акти и воспоставените политики.

    Во извештајот се наведува дека Агенцијата во повеќегодишен период не доставила предлог-одлука за количината и структурата на задолжителните нафтени резерви до надлежното министерство. Утврдени биле и исплати на плати и надоместоци кои не биле целосно усогласени со законската регулатива, како и неправилности во евидентирањето на полното работно време.

    ДЗР потсетува дека и при ревизијата за 2018 година биле констатирани слабости, при што дел од дадените препораки во меѓувреме биле реализирани, дел се уште се спроведуваат, а една останала нереализирана.

    Како посебно прашање, ревизорите ги посочуваат состојбите со невратена позајмица на мазут од државен орган подолг период од седум години, како и трајното издавање на нафтени деривати од резервите врз основа на одлуки на Владата по прогласена кризна состојба.

    Ревизијата укажува и на слабости во законската регулатива, меѓу кои нејасни правила за усогласување на вредноста на залихите, неусогласеност на надлежностите за донесување подзаконски акти меѓу Владата и Министерството за енергетика, како и нерегулиран мандат на директорот и постапката за именување вршител на должност.

    Дополнително, ДЗР констатирал дека во Агенцијата не е воспоставена функција на внатрешна ревизија, што претставува слабост во системот на внатрешни контроли.

    Од ДЗР информираат дека нацрт-извештајот од овластениот државен ревизор не бил предмет на забелешки од страна на Агенцијата.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.