Close Menu
Press24
    Најново

    Дали сте во врска со зрел маж или со мамин син?

    14.05.2026 во 23:44

    Раси на кучиња што жените ги обожаваат: Тие се поврзуваат со своите сопственици посилно од кој било друг

    14.05.2026 во 23:24

    Нова климатска закана: „Ел Нињо“ носи екстремни жештини ширум планетата

    14.05.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дали сте во врска со зрел маж или со мамин син?
    • Раси на кучиња што жените ги обожаваат: Тие се поврзуваат со своите сопственици посилно од кој било друг
    • Нова климатска закана: „Ел Нињо“ носи екстремни жештини ширум планетата
    • БиХ ја зголеми старосната граница за служба во армијата на 49 години
    • Иран: Околу 30 бродови поминаа низ Ормускиот теснец во текот на ноќта
    • Црн биланс во Либан: 22 загинати во масовните израелски воздушни напади
    • Рубио од Пекинг: Политиката на САД кон Тајван е непроменета
    • Детали за денешното убиство: Ја избодел со нож 10 пати додека спиела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Реплек“ со раст на приходите од 18 % во првите девет месеци од годинава и со нова потврда за високите производни стандарди

    „Реплек“ со раст на приходите од 18 % во првите девет месеци од годинава и со нова потврда за високите производни стандарди

    07.10.2025 во 10:073 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Првите девет месеци од годинава „Реплек“ ги заврши со силен раст на приходите во сегментот
    Фармација од 18 % во однос на истиот период од минатата година. Компанијата континуирано
    инвестира во модернизација, дигитализација и проширување на пазарите, а во изминатиов период високите производни стандарди беа потврдени и со добивање на два EAEU GMP сертификати кои креираат дополнителни можности за проширување на пласманот на производите на 183- милионскиот пазар на Евроазиската економска унија.

    Приходите на „Реплек“ остварени во периодот од 1 јануари заклучно со 30 септември годинава
    изнесуваат 26 милиони евра, што е раст од 18 % во однос на истиот период лани, потврдувајќи ја
    одржливоста на деловниот модел на компанијата. Од продажбата на домашниот пазар „Реплек“
    реализираше приходи од 6,25 милиони евра, додека од странските пазари се остварени 19,74 милиони евра. Ваквата структура на приходи од 75 % остварени од извоз и 25 % реализирани на домашниот пазар, говори дека компанијата останува доследна на стратегијата на балансирана географска распределба.

    „Овие резултати се јасен показател дека нашата стратегија за одржлив раст, иновации и силно
    присуство на странските пазари дава резултати. Нашата компанија континуирано вложува во
    иновации, дигитализација, лансирање нови производи и проширување на пласманите, со цел да
    обезбеди повисок квалитет, поголема ефикасност и уште поголема сигурност и доверба од нашите деловни партнери, како и од пациентите. Со воведувањето нови технолошки решенија и со проширувањето на производствените капацитети го зајакнуваме нашето позиционирање како силна фармацевтска компанија која ги следи највисоките стандарди на усогласеност и квалитет. Реплек останува посветен на долгорочен развој што создава вредност, како за акционерите и вработените, така и за националната економија“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

    Стратешки инвестиции и трансформација

    Вложувањата во модернизација, дигитализација и во проширување на пазарите се стратешки проекти кои ја зајакнуваат стабилноста и конкурентската предност. Една од тие инвестиции е преминувањето на SAP S/4HANA, од 1 октомври годинава, што обезбедува поголема транспарентност, усогласеност и конкурентска предност, како и неодамнешното пуштање во употреба на новата високо-технолошка линија за серијализација и пакување. Исто така, „Реплек“ на почетокот на годинава отвори претставништва во Босна и Херцеговина и во Србија, а овие два пазари веќе го потврдија својот потенцијал и успешно ги реализираа своите први продажби.

    Ново меѓународно признание – успешно издадени EAEU GMP сертификати

    Минатиот месец „Реплек“ доби уште едно значајно двојно меѓународно признание, односно беа
    успешно издадени два EAEU GMP сертификати. Тие се резултат на инспекции кои потврдуваат дека производствените процеси и системот за квалитет на „Реплек“ се целосно усогласени со принципите на добра производна пракса регулирани за Евроазиската економска унија. Овие сертификати не се само административен документ, туку и сведоштво за високите стандарди што се применуваат во секоја фаза од работењето и постојаното подобрување на квалитетот на секој чекор, од развојот и производството, до финалната дистрибуција. Ваквите сертификати се всушност единствен сет на правила за фармацевтските производители во земјите членки на Евроазиската економска унија, кои гарантираат дека лековите се произведуваат според највисоки стандарди за квалитет. Тие креираат дополнителни можности за пласман на производите на Реплек на 183-милионскиот пазар на Евроазиската економска унија, а истовремено се потврда на мисијата на „Реплек“ да обезбеди безбедни, квалитетни и ефикасни лекови, достапни за пациентите на глобално ниво.


    Прочитај повеќе

    Проверете си ги сметките – започна исплатата на МОЈ ДДВ

    14.05.2026 во 18:16

    Велковски во посета на Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна

    14.05.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.