Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Формално образование на далечина следат 30 основци на подолго болничко или домашно лекување

    Формално образование на далечина следат 30 основци на подолго болничко или домашно лекување

    06.10.2025 во 14:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Триесет ученици кои се подолго од три недели на болничко или домашно лекување, од 1 септември активно ја следат наставата од далечина. Дел од нив се вклучени онлајн на часовите заедно со соучениците, додека со дел од нив, наставниците одржуваат индивидуална настава користејќи ги алатките што вообичаено се употребуваат за настава на далечина, како платформите ЕДУИНО и nastava.mk.

    Од почетокот на новата учебна година, МОН во соработка со Министерството за здравство и НВО САНО – Здружение за поддршка на децата заболени од канцер, воведе формално образование во здравствените установи и домашни услови, односно секој ученик кој е хоспитализиран или пак е на лекување во домашни услови подолго од три недели, може од далечина да ја следи наставата во своето одделение или пак, наставникот со него да организира индивидуална настава. Системска мерка која во минатото не постоеше, сега е уредена во закон и со подзаконски акти. Ниту еден ученик, нема, ниту смее да биде лишено од образование само затоа што се лекува. Здравствената состојба не значи изолираност, прекин на образованието или заборавеност, туку напротив, болеста е предизвик, а општеството е обврзано да им даде поддршка и надеж. Со инвестирање во нивното знаење, инвестираме во една поправедна, поемпатична и посилна иднина.

    Министерството за образование и наука упатува благодарност до наставниците кои се вклучени во реализација на наставата за овие ученици, за нивната пожртвуваност и посветеност, како и благодарност до родителите/старателите на учениците за поддршката и активното учество во успешното спроведување на овој процес.

    Прочитај повеќе

    Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата

    06.10.2026 во 15:31

    Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    06.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.