Close Menu
Press24
    Најново

    Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје

    13.05.2026 во 14:21

    Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница

    13.05.2026 во 14:16

    Несреќа на Водно: Полицаец со мотор на МВР излетал од патот за да избегне лисица

    13.05.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје
    • Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница
    • Несреќа на Водно: Полицаец со мотор на МВР излетал од патот за да избегне лисица
    • Апсење на скопскиот аеродром: Маж носел полн куфер со муниција
    • Судење за „Пулс“: Сведоштво за паниката и метежот, одбраната тврди дека девојките имале „душевно растројство“
    • ВЛЕН поставува граници за коцкањето: казината подалеку од училиштата и забрана за реклами
    • Мицкоски шокиран од одлуката за „мазут“: ЕСМ ќе поднесе жалба, Абази го губи кредибилитетот
    • (ВИДЕО) Огњеновиќ: Додека власта троши на тендери, студентите во „Гоце Делчев“ живеат со глувци и без топла вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во ССК формирани четири нови групации: за енергетика, за пожарна заштита, за игри на среќа и за стартап компании

    Во ССК формирани четири нови групации: за енергетика, за пожарна заштита, за игри на среќа и за стартап компании

    03.10.2025 во 17:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сојузот на стопански комори формира четири нови групации: за енергетика, рударство и минерални суровини, за пожарна заштита и кризен менаџмент, за игри на среќа и за стартап компании.

    Како што информира ССК, групациите се формирани по барање на членките, но и поради потребата на бизнис секторот.

    Во Сојузот денеска се одржа првата седница на Управниот одбор во нов состав со преседателот Горан Ѓорѓиевски, на која се донесоа повеќе одлуки со кои се зајакнуваат структурите со избор на потпреседател во ССК и преседател на Управниот одбор, како и комисии кои овозможуваат подобрено функционирање на институцијата. 

    -Формирањето на новиот Управен одбор во Сојузот на стопански комори на Македонија во кој членуваат истакнати стопанственици предложени од коморите, како и четирите нови групации е јасен сигнал за позитивните промени кои се случуваат во ССКМ насочени кон бизисот со кој заеднички ќе креираме вредности во периодот пред нас значајни за раст и развој на македонската економија, истакна Ѓорѓиевски.

    На состанокот се предложија повеќе иницијативи за зајакнато меѓународно присуство на ССК, привлекување на инвестиции, подобрувања на одредени законски решенија, зајакнување на вештините кај вработените преку професионални обуки во коморите, дигитализација, презентација на членките на ССК и нивните потенцијали на регионални Б2Б состаноци, посета на бизнис форуми и саемски манифестации за престојната 2026 година. 

    Прочитај повеќе

    Цената на нафтата продолжува да расте

    13.05.2026 во 11:20

    Љупчо Николовски повикан во СВР Скопје на службен разговор

    12.05.2026 во 22:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.