Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски најави повеќе лекари за руралните подрачја – недостигаат 52 матични

    Клековски најави повеќе лекари за руралните подрачја – недостигаат 52 матични

    03.10.2025 во 13:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Фондот за здравствено осигурување, по преземањето на новото раководство, меѓу своите први и приоритетни активности, во соработка со Здружението на приватни лекари, го стави подобрувањето на условите за работа на матичните лекари во руралните подрачја. Во таа насока, е зголемен надоместокот за овие лекари и е овозможено функционирање на ординациите со нецелосен тим. Исто така е капитацијата на матичните лекари се зголеми за историски 33%, како чекор на засилување на примарната здравствена заштита.

    -Водени од принципот за еднаков пристап до здравствена заштита за сите осигурени лица, Фондот започна со активности за измена на Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита. Целта на овие измени е да се создадат поволни услови за отворање и функционирање на ординации во руралните средини, со што ќе се поттикнат докторите да работат во овие подрачја и ќе се обезбеди поквалитетна и подостапна здравствена заштита за жителите, истакна дирекоторот Сашо Клаковски.

    Во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостасуваат 52.

    Фондот има намера да спроведе измени на Правилникот ќе овозможат дополнителна либерализација на критериумите, отстранување на постојните пречки и олеснување на отворањето нови ординации во руралните средини каде што се најпотребни.

    Во рамки на оваа иницијатива, Фондот ги повикува: матичните лекари кои веќе работат во рурални ординации; докторите заинтересирани да работат во рурални средини, но ограничени од моменталните услови во Правилникот; и жителите на руралните подрачја, да ги достават своите мислења, предлози и сугестии за измените на Правилникот, потенцира Клековски.

    Предлози може да се испратат до 1 ноември 2025 година на е-пошта: ruralno@fzo.org.mk. Сите пристигнати предлози ќе бидат внимателно разгледани од посебна комисија задолжена за подготовка на измените. Доколку се во согласност со законската регулатива, предлозите ќе бидат вградени во новиот Правилник или ќе послужат како основа на измени на законската регулатива.
    Фондот за здравствено осигурување останува посветен на создавање услови за правична, достапна и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани!

    Прочитај повеќе

    Вадете ги чадорите: Утре ќе врне

    19.09.2026 во 13:38

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.