Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада
    • Филипче: Власта „шверцерски“ сака да ја промени техничката влада
    • Фрустрации во судницата: Семејствата на жртвите од „Пулс“ разочарани од бавното судење, дел од сведоците не се појавуваат
    • Сообраќајна незгода на патот Струмица-Валандово: Сообраќајот во прекин
    • Тренчевска предупредува: Измените за концесии и минерални суровини по скратена постапка се опасни за здравјето и животната средина
    • Саемот на книгата почнува утре: ЈСП Скопје воведува две специјални автобуски линии за посетителите
    • Ужас во Делчево: Родители дозволиле малолетните ќерки да стапат во вонбрачни заедници, едната од нив родила и дете
    • Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Царината откри голем шверц: Запленети 15.603 литри средство за стакла и 410 пара лажни патики, 39 кг кафе

    (ФОТО) Царината откри голем шверц: Запленети 15.603 литри средство за стакла и 410 пара лажни патики, 39 кг кафе

    03.10.2025 во 12:29Updated:06.10.2025 во 14:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на изминатата недела од страна на Царинската управа се запленети: 15.603 литри средство за стакла за возила, 410 пара патики, 23 автоделови, 39.5 кг. кафе, 69 парчиња облека, 2 употребувани велосипеди, 43 штеки цигари, 44 ножеви за циркуларна пила и регистарски таблички.

    Мобилните царински тимови и царинските службеници од граничните царински испостави открија и спречија повеќе прекршочни дела:

    На граничниот премин Блаце при контрола на камион на влез во државата откриени се 15.603 литри средство за стакла за возила. Непријавената стока не била опфатена во царинските документи.

    410 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка се задржани на излез од државата на граничниот премин Блаце.  Стоката е задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост. Мобилните царински тимови ја откриле при контрола на камион со турски регистрски таблички кој бил натоварен со стока со потекло од Турција наменета за фирма од Косово.

    Вкупно 23 делови за возила откриени се во два одвоени случаи од страна на Службата за мобилни скенери, при контрола на две возила пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

    • Во првиот случај, царинските службеници реагирале кога забележале лице кое се обидувало да префрли  4 употребувани гуми и 4 употребувани алуминиумски бандажи за патничко возило преку оградата на терминалот за стоково царинење.
    • Во вториот случај, при контрола со мобилен скенер на камион со македонски влекач и холандска приколка биле забележани неправилности во преградите за алат на влекачот. При извршена физичка контрола биле пронајдени 4 употребувани вентилатори со мотор за испарувач за ладилник за товарно возило и 11 нови ремени за затегнување на товар.

    При контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Табановце се откриени 39.5 килограми кафе и тоа 36 пакувања по 1 килограм од типот Gourmet by Tobia и 14 пакувања по 250 грама од типот Miscela cremosa.

    69 парчиња облека (дуксери, панталони, маици, фармерки и долни тренерки), откриени се при контрола со скенер на камион откако биле забележани неправилности во кабината, во пределот на горниот кревет.

    Во багажникот на автомобил кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце пронајдени се 2 употребувани велосипеди марка Cube.

    На Меѓународниот аеродром Скопје, пронајдени се 43 штеки цигари со и без акцизни маркици. Цигарите се откриени при контрола со рентген на куферите на тројца македонски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон.

    Во автобус на граничниот премин Табановце пријавен за влез во држвата во две најлоснки ќеси кои биле сместени под патничките седишта, откриени се 44 кружни ножеви за циркуларна пила.

    Комплет бугарски регистарски таблици и сообраќајни дозволи се откриени на граничниот премин Делчево на излез од државата. Табличките и сообраќајните дозволи припаѓале на возило кое било  расходувано во отпад и за кое возачот не поседувал доказ за платени увозни царински давачки, согласно законските прописи.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.