Close Menu
    Најново

    Себеси се ставаат на прво место: Овие хороскопски знаци никогаш нема да се жртвуваат за вас

    23.12.2025 во 23:49

    Шок во студиото: Водителот Огњен Амиџиќ се појави во здолништа

    23.12.2025 во 23:44

    Војна на прагот во Венецуела: Америка преместува голем контингент авиони за специјални операции во Карибите

    23.12.2025 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Себеси се ставаат на прво место: Овие хороскопски знаци никогаш нема да се жртвуваат за вас
    • Шок во студиото: Водителот Огњен Амиџиќ се појави во здолништа
    • Војна на прагот во Венецуела: Америка преместува голем контингент авиони за специјални операции во Карибите
    • Чувајте се на овие три знаци: Астрологијата открива кој има најголема склоност кон одмазда и манипулација
    • Силен земјотрес ја погоди Романија
    • Што ви носи 2026 година според датумот на раѓање? Дознајте кој ќе има најмногу среќа, а кој мора да постави граници
    • Потврдена смртта на началникот на Генералштабот на Либиската армија и неговата придружба во авионската несреќа во Турција
    • (ВИДЕО) Снимен моментот на падот на авионот во Турција: Огнена топка лебди на небото
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Претседателката: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум

    Претседателката: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум

    02.10.2025 во 17:37
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани”, во рамки на Седмиот состанок на Европската политичка заедница којшто се одржува во Копенхаген, Данска.

    Споменувајќи ги војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и транснационалните закани, односно организираниот криминал, нелегалната миграција, сајбер нападите и злоупотребата на вештачката интелигенција, како предизвици за мирот и стабилноста на Европа, Сиљановска-Давкова истакна дека државава во сите горенаведени случаи прави напори да делува конструктивно.

    Истовремено, таа посочи дека европскиот континент не е безбеден сè додека земјите од Западен Балкан се надвор од Унијата и додаде дека евроинтеграцијата на регионот мора да се заснова исклучиво на Копенхагенските критериуми.

    Во однос на македонскиот евроинтегративен пат, Сиљановска-Давкова потенцираше дека не е логично ЕУ себеси да се дефинира како „единство на различности“ и почитување на културните, јазичните и националните идентитети, а од нас да бара да преговараме за својата историја, култура и јазик.

    Затоа, заклучи во своето обраќање претседателката ,,Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западниот Балкан во геополитички вакуум”.

    Претседателката Сиљановска-Давкова учествуваше и на настанот организиран од францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони по повод презентацијата на иницијативата на Француската Република за формирање на Европска коалиција против дрогата (ECAD).

    Во рамки на дискусијата претседателката истакна дека на единството на картелите треба да се одговори со поцврсто единство и соработка на европските земји и дека тоа е можно само со интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

    Популарно

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Шок во студиото: Водителот Огњен Амиџиќ се појави во здолништа

    23.12.2025 во 23:44

    Подгответе се за снег и студ: УХМР со најнова прогноза

    23.12.2025 во 17:58

    Што ви носи 2026 година според датумот на раѓање? Дознајте кој ќе има најмногу среќа, а кој мора да постави граници

    23.12.2025 во 22:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.