Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бојковска: Владините политик носат инвестиции, раст и поголема економска сигурност

    Бојковска: Владините политик носат инвестиции, раст и поголема економска сигурност

    29.08.2026 во 12:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економските показатели за јавниот долг, растот на БДП и инфлацијата покажуваат подобри резултати во периодот на актуелната Влада во споредба со времето кога на власт беше СДСМ.

    Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, посочи дека на крајот на 2017 година јавниот долг изнесувал 4,787 милијарди евра или 47,7 проценти од БДП, а до крајот на 2023 година пораснал на 8,477 милијарди евра, односно 57,8 проценти од БДП. Според неа, за шест години долгот се зголемил за околу 3,7 милијарди евра.

    Бојковска наведува дека на крајот на 2024 година јавниот долг изнесувал 9,619 милијарди евра или 61,4 проценти од БДП, додека заклучно со 30 јуни годинава достигнал 10,726 милијарди евра, но неговото учество во БДП се намалило на 58,8 проценти.

    Според проекциите што ги цитира ВМРО-ДПМНЕ, до крајот на 2026 година јавниот долг би можел да достигне околу 11 милијарди евра, додека БДП би изнесувал 21,61 милијарда долари.

    „Овие показатели потврдуваат дека задолжувањето е преточено во инвестиции кои создаваат услови за посилен економски раст, нови работни места и повисок животен стандард“, изјави Бојковска.

    Од владејачката партија посочуваат и на движењето на инфлацијата. Во јули 2026 година таа изнесувала 2,3 проценти на годишно ниво, што е значително пониско во споредба со јули 2022 година, кога стапката достигнала 16 проценти.

    Бојковска наведува дека во моментов од земјите во регионот пониска инфлација има само Србија со 1,9 проценти, додека во Словенија таа изнесува 2,9 проценти, во Албанија и Грција 3,4, Црна Гора 3,8, Хрватска 3,9 и Бугарија 4,1 процент.

    Според неа, задача на Владата е забавувањето на растот на цените да биде проследено и со зголемување на куповната моќ преку реален раст на платите и пензиите, поголема продуктивност и посилна економска активност.

    „Ќе продолжиме со политики кои носат инвестиции, раст, повисоки плати и пензии и поголема економска сигурност“, порача Бојковска.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.