Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет

    29.11.2026 во 10:06

    ВИДЕО: Превртена кола на патот Стража – Гостивар, интервенира и противпожарна екипа

    28.11.2026 во 20:05

    ВИДЕО: Вее снег на Стража

    28.11.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет
    • ВИДЕО: Превртена кола на патот Стража – Гостивар, интервенира и противпожарна екипа
    • ВИДЕО: Вее снег на Стража
    • -18 степени во Македонија, доаѓа вистинска зима
    • ВМРО-ДПМНЕ: Парното во Скопје е поевтино од Белград, Сараево и Љубљана
    • Кривопаланчанец признал кражба во куќа, полицијата го пронашла
    • Жена од Босна и Херцеговина приведена по обид за кражба на Камениот мост
    • Малолетник нападнат во основно училиште во Аеродром, друг ученик го снимал настанот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет

    Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет

    29.11.2026 во 10:063 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градот Скопје планира новогодишното украсување да биде завршено во периодот од 10 до 15 декември, а главната новогодишна прослава да се одржи на градскиот плоштад, со настапи на македонски изведувачи и без огномет, најави вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител.

    Ѓорѓиевски посочи дека организацијата на новогодишната прослава сè уште не е целосно утврдена и дека градскиот тим работи на деталите, вклучително и на програмата за деновите во кои ќе има базари и други настани на градскиот плоштад.

    – Според планот некаде од 10-ти до 15-ти Скопје треба да биде накитено. Она што сè уште го немаме доутврдено, со тимот работиме на истото, е организацијата на новогодишната прослава. Но и деновите кога ќе има базари и сè останато, настани на градскиот плоштад. Главната прослава ќе биде на градскиот плоштад и тука ми е драго што се солидаризираат и колегите, за разлика од минатото, сите скопски градоначалници, да имаме една прослава во главниот град, така му личи на градот – рече Ѓорѓиевски.

    Тој најави дека и годинава, како и минатата, програмата ќе биде составена исклучиво од македонски изведувачи, но дека имињата сè уште не се утврдени.

    – Одлучивме оваа година да одиме, како и минатата, со исклучиво македонски изведувачи. Ние имаме богата културна сцена. Не сме ги утврдиле сè уште имињата, но мислам дека ќе биде достоинствен пречек на Новата година – изјави градоначалникот.

    Во врска со можноста за организирање огномет за новогодишната ноќ, Ѓорѓиевски рече дека е донесена одлука тој да не биде дел од прославата, имајќи ги предвид различните мислења во јавноста за употребата на пиротехника.

    – Да нема прашања во јавноста наредниов период, да најавам дека огномет нема да има. Има поделени мислења кога станува збор за огнометот за новогодишната ноќ, но одлучивме да нема огномет – рече Ѓорѓиевски.

    Во однос на новогодишното украсување, градоначалникот информира дека е избран оператор преку транспарентна постапка. За подеталните информации за постапката и избраниот изведувач, тој ги упати медиумите до системот за јавни набавки, посочувајќи дека податоците се јавно достапни и дека Градот може дополнително да ги достави.

    -Веќе е избран оператор. За подеталните информации поврзани со истото можете да се обратите слободно како медиум, но и јавно достапни се, мислам дека во системот за јавни набавки. На транспарентна постапка избран е изведувач, односно оној оператор којшто ќе треба да го направи сето тоа. Немам детали во моментов за да ги изнесам, но секако дека се достапни во јавноста, но и можеме да ги доставиме дополнително до вас – изјави тој.

    Ѓорѓиевски рече дека очекува годинашното украсување да биде поспектакуларно во споредба со претходните години. Посочи дека во минатото имало забелешки за доцнење со украсувањето, наведувајќи дека се случувало главниот град да се украсува дури на 30 или 31 декември.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски постави цел: Нула загинати во сообраќајот во Скопје до 2030 година

    27.11.2026 во 11:40

    Големи проекти за Скопје на повидок: Ѓорѓиевски откри што ќе се гради во 2027

    27.11.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.