Close Menu
Press24
    Најново

    Мрежата за заштита од дискриминација бара одговорност од Жаклина Пешевска: Седум фемициди од почетокот на годината

    28.11.2026 во 10:19

    Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

    28.11.2026 во 10:14

    „Буџетот е пресипување од шупливо во празно“ – СДСМ со критики до Мицкоски

    28.11.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мрежата за заштита од дискриминација бара одговорност од Жаклина Пешевска: Седум фемициди од почетокот на годината
    • Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра
    • „Буџетот е пресипување од шупливо во празно“ – СДСМ со критики до Мицкоски
    • Зеленски за Трамп: Да го нарекуваш Путин пријател е како да го нарекуваш пријател Хитлер
    • Син го нападнал и повредил сопствениот татко
    • Тешка сообраќајка на обиколницата „Мајка Тереза“ – петмина итно пренесени во болница
    • ВИДЕО: Блокиран патот Охрид – Скопје, возило излета од патот
    • Нов хорор: Жена итно пренесена на скопските клиники – брутално е претепана, деформиран и е ликот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мрежата за заштита од дискриминација бара одговорност од Жаклина Пешевска: Седум фемициди од почетокот на годината

    Мрежата за заштита од дискриминација бара одговорност од Жаклина Пешевска: Седум фемициди од почетокот на годината

    28.11.2026 во 10:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мрежата за заштита од дискриминација упати јавни прашања до претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, изразувајќи незадоволство поради доцнењето на законските измени и отсуството на заклучоци од надзорната расправа за заштита на жените од насилство.

    Од Мрежата посочуваат дека поминале седум месеци од одржувањето на надзорната расправа, а три месеци од поднесувањето на предложените законски измени, кои сè уште не се ставени на дневен ред.

    „Седум месеци без заклучоци од надзорната расправа. Три месеци без усвојување на предложените законски измени. Седум фемициди од почетокот на годината“, наведуваат од Мрежата.

    Тие потсетуваат дека во април годинава, Пешевска, во својство на претседателка на Комисијата, организирала надзорна расправа за заштита на жените од насилство. Во август, заедно со други пратенички, поднела законски измени насочени кон подобрување на заштитата на жените.

    Од Мрежата бараат одговор зошто сè уште не се објавени заклучоците од надзорната расправа и зошто предложените законски измени не се ставени на дневен ред на Собранието.

    Дополнително, ја отвораат и темата за родовата еднаквост и нејзиното влијание врз спречувањето на насилството врз жените, поставувајќи прашање за одговорноста за, како што наведуваат, отстранувањето на одредбите за заштита од дискриминација и насилство од образовните закони.

    „Од претседателката на Комисијата за еднакви можности очекуваме конкретни постапки за унапредување, а не уназадување на правата на жените“, порачуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.

    Од организацијата бараат институционална одговорност и конкретни резултати во унапредувањето на заштитата на жените од насилство.

    Прочитај повеќе

    „Буџетот е пресипување од шупливо во празно“ – СДСМ со критики до Мицкоски

    28.11.2026 во 10:04

    Син го нападнал и повредил сопствениот татко

    27.11.2026 во 23:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.