Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова се сретна со Чупиќ: Македонија и Србија ќе ја продлабочуваат соработката

    27.11.2026 во 19:05

    Марта Кос: Албанија да се подготви за влез во ЕУ во 2030

    27.11.2026 во 18:04

    Грабеж во Куманово: Ограбија златарница среде бел ден

    27.11.2026 во 17:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Чупиќ: Македонија и Србија ќе ја продлабочуваат соработката
    • Марта Кос: Албанија да се подготви за влез во ЕУ во 2030
    • Грабеж во Куманово: Ограбија златарница среде бел ден
    • Пет лица земале плата без да одат на работа, „Водостопанство“ оштетено за над милион денари
    • ОЈО: Предложен притвор за осомничениот за убиството кај Смилковското Езеро
    • Јаневска: Исполнети се сите цели од Реформската агенда, Македонија добива 19,2 милиони евра
    • Државата почна со решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка, добитокот ќе оди во Идризово и Прилеп
    • Кичевец истакнувал знамиња на странска држава без дозвола, против него поведена постапка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова се сретна со Чупиќ: Македонија и Србија ќе ја продлабочуваат соработката

    Сиљановска-Давкова се сретна со Чупиќ: Македонија и Србија ќе ја продлабочуваат соработката

    27.11.2026 во 19:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, се сретна со Александар Чупиќ, вршител на должноста претседател на Република Србија.

    Најнапред, таа му ја честиташе изборната победа и изборот за претседател на Народното собрание.

    За Сиљановска-Давкова, неговото присуство е особено значајно за решавањето на отворените регионални прашања преку политички дијалог заснован врз взаемна почит и разбирање.

    Таа изрази увереност дека македонско-српските односи, со оглед на традиционалното пријателство меѓу народите и граѓаните, ќе продолжат со уште позасилено темпо во образованието, науката, културата, туризмот и дигитализацијата.

    Чупиќ оцени дека учеството на Процедот „Брдо-Бриони“ во Охрид е порака за значењето на добрососедството и ја поддржа идејата на претседателката за вклучување на млади луѓе на состаноците.

    Тој ја поздрави отвореноста на Процесот, којашто, како што истакна, се потврдува и со одржувањето на Самитот во Охрид.

    Претседателката ја акцентираше широката и плодна српско-македонска соработка во економијата, посочувајќи дека Србија е меѓу десетте најголеми македонски трговски партнери.

    За двајцата професори, образовната, научната и културната соработка се голем предизвик.

    Тие, во македонската заедница во Србија и српската заедница кај нас, препознаваат цврст мост на пријателство и зближување на двата народа.

    Прочитај повеќе

    Грабеж во Куманово: Ограбија златарница среде бел ден

    27.11.2026 во 17:52

    Пет лица земале плата без да одат на работа, „Водостопанство“ оштетено за над милион денари

    27.11.2026 во 16:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.