Close Menu
Press24
    Најново

    Побрз проток на стоки и помали трошоци: Македонија ја модернизира Царината според европските стандарди

    27.11.2026 во 13:21

    Расчистено убиството кај Смилковци – уапсен 38-годишен скопјанец

    27.11.2026 во 13:15

    Снајпер со придушувач, пет бомби и над 107 килограми дрога пронајдени кај 17-годишник во регионот

    27.11.2026 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Побрз проток на стоки и помали трошоци: Македонија ја модернизира Царината според европските стандарди
    • Расчистено убиството кај Смилковци – уапсен 38-годишен скопјанец
    • Снајпер со придушувач, пет бомби и над 107 килограми дрога пронајдени кај 17-годишник во регионот
    • Секој хороскопски знак има свој среќен ден во декември: Проверете кој датум е ваш
    • Сали: Македонија обезбеди 142,1 милиони евра од европскиот План за раст
    • Речиси половина од македонската економија се создава во Скопје – Североисточниот регион на дното и по БДП и по инвестиции
    • Стапката на невработеност падна на 11,2 отсто, но расте бројот на неформално вработени – над 103 илјади работат „на црно“
    • Ќе има нови одземања на дозволи за финансиски друштва: Министерката најави дополнителни санкции
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Побрз проток на стоки и помали трошоци: Македонија ја модернизира Царината според европските стандарди

    Побрз проток на стоки и помали трошоци: Македонија ја модернизира Царината според европските стандарди

    27.11.2026 во 13:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царинската управа со експертиза од Царинската управа на Република Хрватска, интензивно работи на усогласување на националното законодавство со легислативата на ЕУ и модернизација на информатичко комуникациските системи и нивно усогласување со системите што се користат во ЕУ, сè со цел забрзување на интеграцијата во ЕУ. Со присуство на директорот Бобан Николовски и директорот на Царинската управа на Република Хрватска, Марио Демировиќ и претставник од Делегацијата на ЕУ, беше одржан првиот Управувачки комитет на Твининг лајт-проектот на ЕУ за изработка на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, усогласена со Царинскиот законик на Унијата, на кој беше истакнат добриот напредок на проектот. 

    На комитетот беше контатирано дека високата посветеност во процесите е доказ за заложбите на Царинската управа во спроведување на реформските процеси за забрзана интеграција во Европската унија.

    „Овој проект е значаен дел од реформските активности на Царинската управа и нашите подготовки за идното членство во Европската Унија. Нашата цел е да воспоставиме современа, функционална и применлива законска рамка, која ќе овозможи ефикасни царински постапки, правна сигурност и усогласено постапување со европските стандарди. Сакам да истакнам дека двете компоненти од овој проект – усогласување на законодавството и модернизација на царинските информатички системи мора да се развиваат паралелно, затоа што новите законски решенија треба да бидат поддржани со соодветни ИКТ системи, а нивниот развој да произлегува од реалните законски и оперативни потреби на Царинската управа“, истакна Николовски.

    Преку усогласување на легистлативата ќе се овозможи побрз проток на стоки и намалување на административните трошоци, обезбедување правна сигурност, предвидливост и еднакви правила по европски стандарди, како и целосно дигитално царинско работење и усогласеност со системите што се користат во ЕУ.

    „Министерство за финансии, Царинска управа на Република Хрватска, во областа на меѓународната институционална царинска соработка, стави приоритет на административната и техничка помош за Царинската управа на Македонија и како твининг партнер во овој проект ги стави на располагање своите најдобри експерти за пренос на знаење, како во имплементација на царинското законодавство на ЕУ во националниот систем на царински прописи на Македонија, така и во подготовката и имплементацијата на техничката изградба и приспособувањето на царинските ИТ системи што го поддржуваат спроведувањето на законодавството. Партнерството меѓу двете царински администрации претставува потврда и реализација на стратешката определба на Владата на Република Хрватска, која е официјализирана и со меѓувладиниот договор потпишан во мај годинава во Охрид. Во таа насока, нашата поддршка останува трајна и континуирана“, вели Демировиќ.

    Прочитај повеќе

    Расчистено убиството кај Смилковци – уапсен 38-годишен скопјанец

    27.11.2026 во 13:15

    Ќе има нови одземања на дозволи за финансиски друштва: Министерката најави дополнителни санкции

    27.11.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.