Close Menu
Press24
    Најново

    Зимата пристигнува за викендот: УХМР издаде најново метео предупредување

    27.11.2026 во 11:27

    Температурите ќе паднат до -15 степени, доаѓа леден бран во регионот

    27.11.2026 во 11:26

    Силно невреме го парализираше САД: Над 900.000 домаќинства без струја, одложена парадата во Њујорк

    27.11.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зимата пристигнува за викендот: УХМР издаде најново метео предупредување
    • Температурите ќе паднат до -15 степени, доаѓа леден бран во регионот
    • Силно невреме го парализираше САД: Над 900.000 домаќинства без струја, одложена парадата во Њујорк
    • Тошковски најави големи промени во полицијата – се ќе биде снимено
    • Нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници во Русија: Две лица хоспитализирани
    • Грипот зема замав – Скопје со најмногу нови случаи
    • Повторно застрелан бизнисмен во Загреб: Напаѓачот го чекал во дворот на неговата куќа
    • Големи проекти за Скопје на повидок: Ѓорѓиевски откри што ќе се гради во 2027
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зимата пристигнува за викендот: УХМР издаде најново метео предупредување

    Зимата пристигнува за викендот: УХМР издаде најново метео предупредување

    27.11.2026 во 11:271 Min Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обилни врнежи од дожд и снег се најавуваат во Македонија до крајот на викендот, а на одредени места вкупното количество дожд може да надмине и 80 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Под влијание на циклонска активност, времето до недела ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд во пониските места, дожд и снег на повисоките места, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

    Од УХМР посочуваат дека поради продорот на студена воздушна маса од север, за време на викендот врнежите на некои од повисоките места ќе преминуваат во снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка.

    Врнежите локално ќе бидат пообилни, со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, а во текот на целиот период на одредени места може да надминат и 80 литри на квадратен метар.

    Од почетокот на следната работна недела се очекува стабилизација на времето, кое ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринските температури ќе се спуштаат и под нулата.

    Во Скопје, врнежите од дожд ќе започнат денеска во вечерните часови и ќе продолжат до недела. За време на викендот, на повисоките делови од Скопската Котлина, дождот ќе преминува во снег.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Тошковски најави големи промени во полицијата – се ќе биде снимено

    27.11.2026 во 11:14

    Грипот зема замав – Скопје со најмногу нови случаи

    27.11.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.