Времето во Србија за време на викендот ќе донесе заладување со лапавица и снег и во пониските предели, по што од почетокот на следната недела следува продор на многу студен воздух од североисток со утрински температури и до -15 степени.
По денешното облачно време со повремен дожд, во сабота попладне и навечер врнежите во јужна, западна и централна Србија ќе преминат во лапавица и снег, а снег е можен и на повисоките јужни периферии на Белград, додека во недела наутро врнежите ќе слабеат и престануваат со постепено разведрување и дневни температури околу нулата.
Во текот на следната недела се очекуваат ледени денови со суво и студено време, при што во Белград минималната температура би можела да падне до -8 степени, а на Пештерската висорамнина кај Сјеница и до -15 степени или пониско, пред кон крајот на неделата и по 6 декември да уследи постепено затоплување и нови врнежи.

