55-годишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат во општина Аеродром, при што се здобил со тешки телесни повреди.
Според информациите од МВР, нападот се случил на 13 септември, околу 17 часот, а го извршило лице кое оштетениот го познавал. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Случајот бил пријавен во полиција на 25 ноември, а од МВР информираат дека се преземаат мерки за негово расчистување.

