Close Menu
Press24
    Најново

    Романија: За шест месеци продолжено ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи

    26.11.2026 во 21:35

    ЈП Македонија пат: Можна појава на поситни одрони на одредени патишта

    26.11.2026 во 21:24

    Тошковски: „Безбеден град“ ќе се прошири, подвижните радари во полициските возила ќе казнуваат автоматски

    26.11.2026 во 20:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Романија: За шест месеци продолжено ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи
    • ЈП Македонија пат: Можна појава на поситни одрони на одредени патишта
    • Тошковски: „Безбеден град“ ќе се прошири, подвижните радари во полициските возила ќе казнуваат автоматски
    • Руски шпион пред суд во Германија: Собирал информации за лице поврзано со украинската војска
    • Дурмиши: Недела останува неработен ден
    • Димовски: Седум нови странски инвестиции вредни над 150 милиони евра и нови работни места во Македонија
    • Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
    • Пожар во стан во Охрид: Осум лица завршија во болница, приведен 55-годишен охриѓанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Романија: За шест месеци продолжено ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи

    Романија: За шест месеци продолжено ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи

    26.11.2026 во 21:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Романската влада денеска одобри уредба со која за шест месеци се продолжува ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи, а за една година се продолжува механизмот за лиценцирање на увозот на жито, чија цел е да се спречи житото што транзитира низ Романија да остане во земјата – соопшти министерот за земјоделство Флорин Барбу.

    – Одобривме три многу важни нормативни акти за романските земјоделци, како и уште еден многу важен акт за заштита на Романија преку продолжување на ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи – изјави министерот по денешната седница на владата.

    Тој појасни дека ограничувањето на маржите за основните прехранбени производи се продолжува за шест месеци, а списокот на производи останува непроменет.

    Мерката, воведена во летото 2023 година и неколкупати продолжувана, ја ограничува трговската маржа на пет проценти во целиот дистрибутивен синџир и на 20 проценти во малопродажната мрежа. Таа ќе остане во сила до 30 јуни 2027 година.

    Министерот се повика на податоци од Националниот институт за статистика, според кои, пред воведувањето на ограничувањето во јуни 2023 година, вкупната инфлација изнесувала 10 проценти, додека инфлацијата кај земјоделско-прехранбените производи достигнала 17 проценти.

    Барбу рече и дека ограничувањето од 20 проценти се применува откако ќе се пресметаат директните и индиректните трошоци на преработувачите и на трговците. Списокот на производи опфаќа бел леб, кравјо млеко, јајца, одредени видови сирење и јогурт, путер, свежо пилешко и свинско месо, зеленчук, шеќер, масло за јадење и други производи.

    Друга мерка одобрена од владата се однесува на продолжување за една година на механизмот за лиценцирање на увозот на земјоделски производи од Украина. Мерката ќе се применува до 31 декември 2027 година.

    Барбу потсети дека овој механизам беше воспоставен во 2023 година за да се гарантира дека житото што треба транзитно да помине низ територијата на Романија нема да остане во земјата. Механизмот се однесува на увозот на пченица, пченка, пченично брашно, маслодајни култури, шеќер, јајца и месо од живина.

    Владата одобри и нормативен акт за поддршка на земјоделците погодени од зголемувањето на трошоците за ѓубрива. Министерот посочи дека за таа намена Романија добила 29,9 милиони евра од Европската комисија, сума што ќе биде дополнета со уште 29,9 милиони евра од државниот буџет.

    Прочитај повеќе

    Руски шпион пред суд во Германија: Собирал информации за лице поврзано со украинската војска

    26.11.2026 во 20:27

    Унгарија со јасна порака до Брисел: Нема да прифатиме буџет што бара поголеми придонеси

    26.11.2026 во 18:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.