Close Menu
Press24
    Најново

    Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда

    26.11.2026 во 19:35

    Пожар во стан во Охрид: Осум лица завршија во болница, приведен 55-годишен охриѓанец

    26.11.2026 во 18:59

    Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

    26.11.2026 во 18:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
    • Пожар во стан во Охрид: Осум лица завршија во болница, приведен 55-годишен охриѓанец
    • Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите
    • Унгарија со јасна порака до Брисел: Нема да прифатиме буџет што бара поголеми придонеси
    • Двајца Ирачани уапсени во Германија: Подготвувале напади врз синагоги и американски објекти
    • Николоски: Следната недела нов ИПАРД повик – поддршката може да покрие и повеќе од половина од вкупната инвестиција
    • Цветков до Дурмиши: Дали две минимални плати се доволни за четиричлено семејство да го преживее месецот?
    • Нов развој на случајот со Драган Вучичевиќ: Обвинителството бара притвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда

    Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда

    26.11.2026 во 19:354 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Законите за високо образование, Законот за научно истражување и Законот за квалитет во високото образование се еден од чекорите кои понатаму ќе треба да го исполниме во реформската агенда како приоритет во образованието во Македонија, истакна денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

    Одговарајќи на прашање на пратеничката Емилија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ, на собраниската седница наменета за пратенички прашања, минисерката повторно упати апел до пратениците да надвладее разумот за поддршка на законите, затоа што, како што подвлече, Извештајот на Европската комисија е извештај за државата.

    – Министрите се менливи, владите се менливи, но ќе остане доброто што ние го правиме за граѓаните. Оттука, ако сакаме и следната година добар Извештај за граѓаните, не за владата, како што еднаш кажав Владата е менлива, повикувам на разум во корист на младите, на учениците, на образованието, столбот за развој на целата држава, столбот за развој на економијата, човечкиот капитал, индустријата, земјоделието, правдата, се она што ја сочинува државата. Доколку не најдеме сили да се здружиме барем за одредени нешта и доколку сеуште круто и цврсто се држиме за популистички политики, нема да има штета Владата, ќе има штета државата, ќе имаат штета без исклучок сите граѓани на оваа држава – истакна Јаневска.

    Извештајот на Европската Унија, посочи, е тесно поврзан со реформската агенда, но и со другите активности кои Министерството за образование и наука ги превзема.

    Според министерката, првиот чекор кој го исполниле биле опремувањето на 160 основни училишта со ИТ опрема, безжична опрема и современи ИТ алатки кои овозможуваат безбеден пристап до интернет и ограничување содржини кои не се предмет на интерес и не се соодветни за возраста на децата, а овозможува и континуирано запознавање на учениците со современите технолошки достигнувања.

    – Многу пати сум зборувала зошто е ова значајно, многу е значајно затоа што последните сучувања кажуваат дека пристапот до несоодветни содржини од интернет кај нашите ученици и секаде во светот, можат да предизвикаат несакани дејства. Но од друга страна, другиот ефект е дека учениците се запознаваат со дигиталната технологија што е неопходно во денешно време – посочи Јаневска.

    Вториот чекор, додаде, е усвојувањето нова методологија за финансирање на основното образование, кое применето при изготвување на националнио буџет за 2026 година.

    – Станува збор за праведна распределба на средствата кон локалната самоуправа за финансирање на образованието. Предвреме, односно пред определениот рок тоа е направено и за средно образование. Претходно по историски принцип се доделувале средства, сега по барање на Европската Унија, во соработка со УНИЦЕФ, Светска Банка, донесовме методологија која првенствено се засновува на бројот на ученици во училиштата и бројни други параметри, категории на училишта, струки, одредени струки бараат повеќе средства, на пример машинската, електро, за разлика од правната да речеме или гимназиската, сето тоа е вградено во двете нови формули – посочи министерката за образование.

    Како дел од реформската агенда чекаат одговор за 95% од основните и средните училишта да имаат најмалку еден кариерен советник, како и вклучување на 700 приватни компании вклучени во дуалното образование, за што привршува процесот на акредитација.

    Извештајот на Европската Унија, според Јаневска, имал позитивна забелешка на законската регулатива, проширената мрежа на регионални центри за средно стручно образование, инветициите во науката…

    – Извештајот генерално ни наоѓа замерка во високото образование, каде што децидно вели дека работиме по застарени студиски програми. Без оглед на автономијата на универзитетите, која беше многу актуелна во време на подготвување на трите закони и која според мене апсолутно неоправдано беше предимензионирана. Во законите тврдам нема ништо што нарушува автономија. Стануваше збор и за начин на применување на студиските програми, нешто што се вика модуларност, што сега го нема и што значајно придонесува на квалитетот на високото образование – рече Јаневска.

    Прочитај повеќе

    Пожар во стан во Охрид: Осум лица завршија во болница, приведен 55-годишен охриѓанец

    26.11.2026 во 18:59

    Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

    26.11.2026 во 18:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.