Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 19:35 часот ги лишија од слобода Д.Н. (36) и Н.А. (40), двајцата од Кавадарци, откако биле забележани како разменуваат предмети, при што кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.А. пари.
По наредба издадена од Основен суд Кавадарци бил извршен претрес во домот на Н.А., каде што се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, метална вага, пари и други предмети.
Двете лица се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител, а во координација со него до Основен суд Кавадарци ќе биде доставен предлог за определување мерка притвор за Н.А. и соодветни пријави по целосно документирање на случајот.

