Close Menu
Press24
    Најново

    Без против и воздржани: Теодора Ефтимовска Бојковска предложена за судија во Уставниот суд

    26.11.2026 во 11:30

    Падна цената на нафтата

    26.11.2026 во 11:28

    Родителите во паника во регионот: Ученик се заканил дека ќе донесе оружје и дека има список со ученици

    26.11.2026 во 11:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Без против и воздржани: Теодора Ефтимовска Бојковска предложена за судија во Уставниот суд
    • Падна цената на нафтата
    • Родителите во паника во регионот: Ученик се заканил дека ќе донесе оружје и дека има список со ученици
    • ЕУ со предупредување до Западен Балкан: Нема членство без реформи и почитување на европските вредности
    • Апсење во Македонија: Ќе лежи две години во „Идризово”
    • Пет продолжени викенди во 2027 година: Проверете кога ќе имаме најмногу слободни денови
    • Николоски на средба со партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино
    • Илон Маск ќе им подари акции на сите деца во САД
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Без против и воздржани: Теодора Ефтимовска Бојковска предложена за судија во Уставниот суд

    Без против и воздржани: Теодора Ефтимовска Бојковска предложена за судија во Уставниот суд

    26.11.2026 во 11:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Комисијата за прашања на изборите и именувањата при Собранието едногласно ја предложи судијката Теодора Ефтимовска Бојковска од Основниот суд Гостивар за нова судијка на Уставниот суд.

    Предлогот бил усвоен на денешната 65. седница на Комисијата, со осум гласа „за“, без гласови „против“ и „воздржани“.

    Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, посочи дека изборот на нов судија е потребен по оставката на професорот Гоце Наумовски, која Собранието ја констатирало на 20 јули 2026 година.

    Ефтимовска Бојковска дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 1995 година, а за судија во Основниот суд Гостивар била избрана во 2008 година. Работела на предмети од граѓанската материја, а во периодот од 2023 до 2026 година, со одлука на Судскиот совет, била упатена во Основниот суд Тетово.

    Сајкоски ја оцени како искусен судија и посочи дека предлогот е утврден во рамки на надлежностите на Комисијата.

    На истата седница било разгледано и усвоено барањето на Лирим Сулејмани за остварување право на плата по престанокот на функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Апсење во Македонија: Ќе лежи две години во „Идризово”

    26.11.2026 во 11:13

    Пет продолжени викенди во 2027 година: Проверете кога ќе имаме најмногу слободни денови

    26.11.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.