Close Menu
Press24
    Најново

    Пратениците расправаат за судија на Уставен и мисијата АЛТЕА

    26.11.2026 во 08:58

    УХМР издаде метео-предупредување

    26.11.2026 во 08:55

    Немирна ноќ во Скопје: Во полиција пријавени два инциденти

    26.11.2026 во 08:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пратениците расправаат за судија на Уставен и мисијата АЛТЕА
    • УХМР издаде метео-предупредување
    • Немирна ноќ во Скопје: Во полиција пријавени два инциденти
    • Семејна драма во Македонија: 60-годишен маж ја истепал 80-годишната мајка
    • Симбол на мудроста, смирението и милосрдието: Се празнува Свети Јован Златоуст
    • Лашкоска во Виена на средби со УНИДО за зелени инвестиции и нови проекти
    • ФОТО: Вака изгледа поранешниот Дисконт „Тинекс” по вчерашниот пожар
    • АМСМ информира за состојбата на патиштата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пратениците расправаат за судија на Уставен и мисијата АЛТЕА

    Пратениците расправаат за судија на Уставен и мисијата АЛТЕА

    26.11.2026 во 08:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и Законодавно-правната комисија.

    На дневниот ред на Комисијата за одбрана и безбедност е амандманската расправа за Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија. За овој закон, според објавените информации на собраниската веб-страница, се поднесени 10 амандмани.

    Членовите на Комисијата треба да ја разгледаат и Предлог-одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

    Во меѓувреме, Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да утврди предлог за избор на судија на Уставниот суд.

    На дневниот ред е и разгледувањето на барањето за остварување право на плата по престанок на функцијата на член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.

    Седница денеска ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    УХМР издаде метео-предупредување

    26.11.2026 во 08:55

    Немирна ноќ во Скопје: Во полиција пријавени два инциденти

    26.11.2026 во 08:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.