Десет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации во државата поради кривичното дело „безобѕирно управување возило“, при што осум од нив возеле без положен возачки испит, а двајца со активна забрана, соопшти полицијата.
Без положен возачки испит управувале скопјаните Е.Ш. (20), Б.Б. (29), Д.П. (18), Е.М. (31), Р.Ј. (25) и Ј.Ќ. (40), како и Б.К. (61) од Кичево и И.Ч. (36) од Прилеп, додека со активна забрана биле затекнати 27-годишната Е.Д. и Б.Е. (27), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави, а надлежните упатија апел до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не возат без положен испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол.

