Маж и жена од скопско вчера биле лишени од слобода по пријава дека подолг временски период физички и психички ги малтретирале нивните три малолетни деца.
Од МВР информираат дека полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.Б.(47) и Љ.Б.(42) во 16:20 часот.
Полицијата постапувала по претходна пријава за малтретирање на децата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

