Полициски службеници од СВР Скопје вчера на различни локации во главниот град лишиле од слобода пет лица кај кои била пронајдена марихуана.
Станува збор за С.И.(29), Ф.Р.(21), И.К.(42) и Д.П.(18), сите од Скопје, како и К.И.(26) од Турција.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дрогата била пронајдена и одземена, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

