Close Menu
Press24
    Најново

    Повеќе дигитални услуги и помалку чекање: Андоновски најави што треба да се промени во следните три години

    24.11.2026 во 18:36

    Димитриеска-Кочоска на меѓународна финансиска конференција: Во фокус каматните стапки, инвестициите и глобалните пазари

    24.11.2026 во 18:17

    Во вторник е неработен ден

    24.11.2026 во 18:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Повеќе дигитални услуги и помалку чекање: Андоновски најави што треба да се промени во следните три години
    • Димитриеска-Кочоска на меѓународна финансиска конференција: Во фокус каматните стапки, инвестициите и глобалните пазари
    • Во вторник е неработен ден
    • Им се заканувал на двата сина со остар предмет и ја оштетил покуќнината: Приведен скопјанец
    • Силен земјотрес од 4,6 степени ја погоди Турција, следеа уште пет потреси за 14 минути
    • Мицкоски утре во посета на Бутел, ќе отвори нов објект во ОУ „Ацо Шопов“
    • Сабајле уште во 8 часот ќе снема струја – најавени исклучувања на три локации
    • Следува пресврт на времето: Обилни врнежи ќе ја зафатат целата држава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Повеќе дигитални услуги и помалку чекање: Андоновски најави што треба да се промени во следните три години

    Повеќе дигитални услуги и помалку чекање: Андоновски најави што треба да се промени во следните три години

    24.11.2026 во 18:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија треба да стане место каде што се создаваат дигитални решенија, се развиваат компании и се привлекуваат инвестиции со поголема додадена вредност, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски по учеството на конференцијата на Американската стопанска комора во Македонија (AmCham).

    Во објава на Фејсбук, Андоновски наведе дека целта е овие амбиции да се претворат во конкретни проекти со акцент на практични и ефикасни услуги за граѓаните и бизнисите, истакнувајќи дека задача на државата е да обезбеди предвидливи правила, сигурна дигитална инфраструктура и навремени институции.

    Според министерот, за домашните компании и инвеститорите пресудни се времетраењето на административните постапки, можноста за нивно онлајн завршување и размената на податоци меѓу институциите, поради што дигиталните услуги се поврзуваат со административните реформи, кибербезбедноста и усогласувањето со европските правила.

    Тој посочи дека преку иницијативите „Везилка“, „ДИГИТМАК“ и „ИННОФЕИТ ЕДИХ“ и малите компании добиваат можност да користат вештачка интелигенција, да развиваат нови производи и да ги унапредуваат вештините на вработените, додавајќи дека успехот во следните две до три години ќе се мери преку целосно дигитални постапки, пократки рокови и поширока примена на новите технологии во соработка со бизнис-заедницата.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска на меѓународна финансиска конференција: Во фокус каматните стапки, инвестициите и глобалните пазари

    24.11.2026 во 18:17

    Во вторник е неработен ден

    24.11.2026 во 18:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.