Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди западниот дел на Турција, објави 4news.mk повикувајќи се на објавените сеизмолошки податоци.
Потресот бил регистриран во 16:39 часот по македонско време на длабочина од 10 километри, а во следните 14 минути во истиот регион биле забележани уште пет послаби потреси со магнитуда од 2 до 2,8 степени.
Попладнево сеизмичка активност е регистрирана и во соседството, односно земјотрес со јачина од 3,5 степени во Грција и потрес со магнитуда од 2,1 степен во Албанија.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.

