Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре (среда, 25 ноември) ќе престојува во посета на Општина Бутел, соопшти владината прес-служба.
Како што е најавено, премиерот во 11:00 часот ќе присуствува на отворањето на новиот објект во основното училиште „Ацо Шопов“, при што е предвидено да даде и изјава за медиумите.

